Парите го вртат светот, адаптирајте се

Day 2,083, 07:35 Published in North Macedonia North Macedonia by BranislavMKD

Некако по навика ова Македонциве сме сеирџии. Секоја чест на исклучоци кои во играва ги има малку повеке ама повекето сме такви.
Сите се обидуваме да дискутираме критички. И тоа е добро се додека критиката е добронамерна.
Грциве не ни дадоа глава да кренеме. И според некој ни нема спас.
Абе лесно е да се предадеме ама ова е само игра. Зарем се плашиме дека ке изгубиме нешто. Нас во реалниот живот мамето ни го расплакаа и тоа пари им даваме. Знаете кога ке се свестиме? Кога ке влеземе во котелот да не прават сапун. Ама тогаш ке ни биде касно.
Да се вратам на темава која ја почнав.
Парите го вртат светот. А ние некако и тоа како да го имаме заборавено. Грците се помокни, вежбаат со надоградени тренинг центри. А ние се мислиме како да се извадиме од калта.
Уште кога почнаа со надоградба на тренинг центрите, јас повлекував неколку пати иницијатива за да се здружиме за да ги заобиколиме админите да не им даваме рални пари а да ги надоградиме тренинг центрите. Требаше само малку повеке да покажеме зрелост и трпение а и другарство. Лугето кој ја водеа тогаш државата беа и останаа глуви на оваа идеа. Ги расфрлаа парите краткороцно на рефунд во тенкови и храна негледајки во суштината на проблемот.
Јас се кладам дека и грците не даваат толку пари колку што мислите. Тие само играат паметно.
За тоа еве уште еден апел.
На кого ке му треба злато за да надогради тренинг центар јас ке му позајмам со обрска истото да го врати по определен период и да му помогне на друг играч кога ке има можност.
Така се станува држава, не со плачкање на сопствениот народ. Луге ова е игра ама одтука се гледа колку не бива.
Само како напомена дека играва ја играм многу поодамна кога бевме не повеке од 1000 луге ама ме банираа неколку пати па за тоа сум вака ниско. Не би ми биле интересни ни слава ни пари, туку Македонија онаа вистинската. Мислам дека најголем дел од лугето кој ја играат оваа игра би направиле нешто и во реалниот живот за подобрување на националната свест.
Да живее Македонија