Зошто губиме и зошто уште долго ќе губиме од грција ?!

Day 2,082, 10:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Djani Jr.

Долго време се мислам дали да го напишам и споделам тоа што имам да го кажам или воопшто да не се замарам ама решив да напишам неколку реда.

Плато пред повеќе од година дена воведе една промена на играва со што дозволи надградба на тренинг центрите. За некои играчи одлична промена за некои не. Во тој период ние еМакедонците бевме многу побројни од егрците и лесно се справуваме со нив. Ама времината се сменија. Егрците одлично ја искористија таа промена и максимално ги надградија своите тренинг центри за разлика од нас.

Сега сме доведени во ситуација да имаме борци во четврта дивизија кои кога пукаат изгледааат трагикомично и на кои ударот со Q7 им е послаб од удар со базука а достигнале над 40 левел во играва. Тие по се изгледа дека ништо не разбрале од играва и дека не знаат ништо повеќе освен да пукаат. Е сега некој ќе рече дека сме сиромашни и дека најголем број на нашите играчи немаат злато за надградба и не трошат реални пари. Ама дека за година дена некој не можи да собери злато макар да ги надгради основните тренинг центри а имаат пари да купуваат тенкови и да креваат левел е тоа не е за верување.

Затоа она што новите играчи треба да го разберат и направат е да максимално работат на развој на тренинг центрите и да се трудат што подолго да останат во пониските дивизии.

И немој да се чудите зошто не можиме да добијаме ниту една битка па макар и да се убијаме од тенкање за брзо време ќе дојдеме во ситуација кога грците ќе не добиваат само со испукан FF.