Колку да се напише нешто

Day 2,079, 06:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Nash M

Немав напишано доста време нешто, па викам ај да не мувлоса весников, плус надвор е +43 целзиусови, се нема попаметна работа, листав по нетов и наидов на страната МАКСИМ (светски бренд кој се занимава со лепотици и слично, има и списание итн.) па имаат некој си натпревар во кој избираат локални убавици - тие си го викаат Hometown Hotties нели 😃

Така истражувајќи (не којзнае колку додуша) наидов на девојка: Марија се вика која ми остави доста убав впечаток искрено, па да речеме и за идеална девојка која секој би ја посакал. Зошто го велам ова? Едноставно живее во Калифорнија, во место наречено: Долина на црешите (Cherry Valey), изгледа симпатично, не е многу висока, пропорции 84-65-87 или по амерички ако сакате 34-26-35, работи, сака мачки, танцува и е во врвна форма. Што е најважно, изгледа многу приземјено и прибрано што на некој начин целосно ја заокружи сликата за неа.



Ова беше само мал осврт на статијата од моја страна, инаку ако го отворите овој линк има безброј девојки на кои може да си исплакните очи или што и да е во овие лежерни денови.

Бидете ми поздравени. 🙂