За подобро време !

Day 2,078, 06:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Dani branitel

Ќе ја почнам статијата со еден поздрав до оние кои успеаа да се задржат во играва толку долго време и покрај големата монотоност во неа и недостаток на нешто ново,поинтересно...Јас сум од постарите играчи , кога се формираше еМакедонија,се сеќавам каков жар имаше тогаш во играва ,барем кај нас Македонците,мала,неискусна земја но со многу страствени играчи , кој не беа дојдени тука да бидат некој еПознати фаци или за некои виртуелни пари и голд туку само да им докажеме на Грците и на светот кои сме и што сме макар и во една виртуелна игра...Бев опседнат тогаш со ерепублика и дневно поминував можеби по 10 часа на играва..Но се откажав и еве поминаа скоро 2 години откако не сум играл ,и како што можете да видете сега можеби сум и еден од најслабите 😃 . Поентата ми е што сум изненаден од нас , вчера тотална неорганизиранот , се даваат наредби да се пука за еЧиле а таму скоро и нема наши аватари , туку се пука во веќе изгубеното Повардарие...Тоа е нашата слабост,едноглавоста а и тврдоглавоста ...Го изгубивме Повардарие , а и можеби единствената шанса да се ослободиме од двоцефките , Чиле и Софија..Нема никој на чатовите , на армискиот канал и да не зборам , секој игра по свое , и сум тотално разочаран....А најлошото е изггледа дека веќе сме се соочиле со тоа , дека сме послаби , дека неможеме да се ослободиме од еГрција и тоа натера многу играчи да се откажат од играва..НИЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ПОБЕДИМЕ ГРЦИТЕ , само со силна сплотеност и организираност како што ни и доликува и како што беше порано...

Викајте ги другарите што се откажале од играва , помагајте им и направете да им биде поинтересно , верувам дека повеќето незнаат дека сме поробени од еГрците и можеби тоа ќе биде причината да се вратат....Ќе пробам од неколку сајтови да добијам подршка да ја рекламираат играва а вие кој може постирајте на своите фејсбук профили или страни , запознајте ги пријателите со играта и најважно од се запознавајте нови играчи од играва , па може тоа пријателство ќе продолжи и во РЛ а и ќе ве одржи во играта..Знам дека статијата не е нешто од голема корист , или некои известувања но одамна не сум пишувал , да се потсетам како е,не ми замерувајте 😛



Поздрав и за подобро време !!

Dani branitel
Македонија за Македонците