[МзО] Прво обраќање

Day 1,995, 14:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Добро вечер еМакедонијо !!

Конечно МоД тимот доби пристап до својот весник па иако е касно решивме да Ве поздравиме со една статија во која накратко ќе се претставиме и ќе подкажиме дел од планираните активности за овај мандат.

МоД тимот се состои од тројца рамноправни членови : MandiBT, Fellix и Lone Wolf (познат како Bubo на chat). Ова е релативно голем залак за сите нас но ветуваме дека ќе дадеме се од себе да вратиме бар дел од таа изгубена жар во играва.
Овој месец планираме да ја рестартираме фамозната фаланга од која противниците стравуваа, македонската армија која успеа неброени пати да ги покори двоцефките но за сето тоа НИ ТРЕБА ВАШАТА ПОМОШ !!!
Отворени сме за сите идеи и сугестии кои можете да ги испратите во форма на коментар на самата статија или пак во приватна порака на кој било член од МоД тимот. Ако сте заинтересирани да ни помогнете во нашата работа, не срамете се, ова е вистинското место да го кажете тоа !!

Оваа прилика исто сакам да ја искористам и да ги поканам СИТЕ активни командири на состанок на ден 08.05.2013 на #emkd.generalstab на Rizon во 21.00 Ќе се разговара за рефунд системот (присутни ќе бидат и од економскиот оддел) и ќе се потрудиме на наидеме на заеднички јазик кога станува збор за рамноправна поделба на државните тенкови 🙂



До следно видување, останете ми со full FF и полни со љубов
\o/