Трпеица на доктор

Day 1,988, 09:54 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Оди Трпеица на доктор и тој и дава некакви чепчиња.
Откако си дошла дома, ја отвара кутијата и се чуди. Не и делува како обична таблета.
Го прашува Трпе:
- Како се пие ова?
- Не знам, јави се на докторот и прашај го!
Му се јавува на докторот:
- Добар ден докторе. Јас сум таа што и препишавте чепчиња, ама не знам како да ги примам?
- Чепчињата генерално се земаат ректално!
- Добро, фала докторе.
Се врти накај Трпе;
- Докторот вели – ректално!
- Па земај ги така!
- Па не знам што му е тоа ректално!
- Не знам ни јас, зошто не го праша докторот?
- Ќе го прашам….
- Јави му се и прашај го, што туку ме прашуваш мене…
- Добар ден, докторе. Јас сум истата што и препишавте чепчињата, само не знам како тоа …. ректално.
- Па анално госпоѓо, анално!
- Ааааааахааааааа, анално. Тоа е…
- Тоа ви е исто како ректално.
- Е добро, многу ви фала докторе.
Пак му кажува на Трпе;
- Анално!
- Што?
- Па исто како и ректално, анално…
- Епа ајде!
- Па не знам што му е тоа.
- Па не знам ни јас, женска главо, што не прашаш убаво, двапати му се јавуваш на докторот? Јави му се пак и прашај убаво!
Го зема Трпеица телефонот и повторно му се јавува на докторот;
- Докторе, извинете што сметам, ама морам….
Што ви е тоа ректално,а што анално? Што точно да правам?
- Госпоѓо ќе земате едно чепче и ќе си го ставите во газот!
Трпеица ја затвара слушалката и ми се дере на Трпе;
Ти и твоето ЈАВИ СЕ! ЈАВИ СЕ! ЈАВИ СЕ! Налути се докторо!