Историја за кукањето

Day 1,984, 15:51 Published in Poland Poland by kojoti2

Пишубање статии (модул) како и сето останато одамна е уништено во оваа игра што од вотерс клубот што од глупи статии во кои се дели се и сешто така да и убава статија во која некој нешто паметно напишал ке пројде незапазено додека у топ 5 ќе влезе некоја во која “делат” некоја глупост.

Сепак читајќи ги статиите од нашите соседи добив инспирација да напишам неколку збора ако испуштам нешто постарите играчи ке допунат надолу...

Прво една работа САМО МАКЕДОНЕЦ МОЖЕ НА МАКЕДОНЕЦ ДА МУ БИДЕ БРАТ се друго е моментален интерес во оваа игра така да и довчерашните пријатели може да станат непријатели и обратно пример Бугарија и Турска.

Сега малку историја но пред тоа да постирам една дефиниција од Wikipedia:

Military Аlliances
Collective defense arrangements and military alliances, in which the states parties agree to defend each other from attacks from adversaries.

Не сум ја играл играта кога еМакедонија била додадена но знам многу работи од постарите играчи кои за жал одамна ја напуштија играта..
Тоа беа времиња кога и немавме силни играчи туку само силна воља и желба за доминација се надевам сите помнат кога се собиравме по 300 души на канал при првата војна цо Бугарија а подоцна и со FOROG.
Цело тоа време Србија ни помагаше дури даде голд да се ослободиме кога бевме под Бугарска окупација. Во тоа време имаше и многу донации помеѓу нашата банка и нивната но тоа е веќе е друга тема. Сакам да кажам дека имаше сојузништво и помагање меѓу двете еДржави. Е сега читам низ статии како тие нон стоп ни помагале но изгледа се со кратко памтење и ја забораваат славната битка за Војводина кога беа пред бришење и тенкање од страна еМакедонските тенкови..
Да не заборавиме и за регионот со железо што ни го дадоа и да напоменам дека тој регион беше платен (за оние кои не знаат порано регионите не мораа да бидат повржани).
Е сега нон стоп се удира од нос USA и новното влегување во COT, тука треба да се напомене дека при формирање на TWO еСрбија ја заборави еМакедонија и таа заради хирот на група играчи од еПолска не стана дел од овој сојуз. Потоа формирање на CTRL од страна на горе споменатите во кои беше и USA но тогаш еСрбија немаше ништо против бар не толку колку сега што се дига галама посебно од еСрпските гркомани.
Заклучок од оваа е дека тие ни имаат помагано на нас но исто е правено и од наша страна впрочем затоа и служат воените сојузи во оваа тн игра. Денеска политиката у TWO е кроена од страна на Полска на кои чим им е досадно почнуваат со нивни тајни игри затоа како што кажав многу пати до сега треба малку да се размрдаат за да не им е досадно и да заборават малку на нивните прљави игри.