Дадете шанса на ебебињата

Day 1,924, 12:02 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Релативно сум нов во играта, иако сум регистриран од поодамна, ама некако не најдов доволно време да се занимавам со неа. Сега баталив се останато и имам за цел да постигнам добри резултати овде. Првото нешто што го забележав е дека бебињата немаат доволна помош, да не се разбереме погрешно, не е се во донирањето на храна и тенкови, тоа фала богу го има доволно, но нема едукативна помош. Многу нови кои доаѓаат овде не наоѓаат доволен предизвик за да продолжат понатаму, е тоа би требало да се смени. Значи оваа статија има за цел да даде неколку корисни предлози, а од вас појаките играчи зависи дали ке успее.

1. Под итно треба да се формира ебанка, која ке дава кредити во голд, мкд, храна или тенкови, нека се врака со камата, истата таа камата нека се искористи да им се помогне на ебебињата.

2. Да се изработат нови туторијали, поготово за vote club, јас од прва заглавив таму, е следното нешто што се случи е бан, за среќа налутениот ми излезе во пресрет и ми помогна за понатаму.

3. На секое ново ебебе да му се додели ментор, еден постар играч мислам би можел да издржува 1-3 бебиња.

4. Да се изработи chat канал за ебебиња, место каде што ќе можата да разменуваат искуства (еве на пример нешто слично на ова: http://xat.com/eMakedonija )

5. Во случај на преселба, промена на некоја наредба или сл. би било добро да се објасни како и на кој начин се врши преселбата или за која страна да се пука, во секој случај повеќето од вас се имаат преселено многу пати до сега, но ебебињата не биле на тој час.

И за крај ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА