Петиција

Day 1,915, 10:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Nash M

Статијава ќе биде кратка, па затоа веднаш преминувам на поентата за нејзино пишување: имено, се работи за петиција со која се кажува СТОП на очајните сапунски серии кои ги преплавија екраните на нашите телевизии. Петицијата можете да ја најдете на следниов линк и нејзиното пополнување ќе ви одземе минута време бидејќи бара само основни податоци.

Некој ќе спомене: едвај ги истеравме турциве од нашево поднебје а тие повторно ни ги враќаат и нè трујат со синхронизации каде еден ист актер забележливо е дека го позајмува гласот на 6-7 лика во серијата. Друг ќе каже: па подобро да се емитуваат на оригиналниот јазик од земјата каде се направени па барем да научиш некој нов збор или реченица од друг јазик..

Како и да е, додека се во етер ни преостанува да се обидуваме тоа да се смени или барем да има рестрикции или пак да го чекаме нивниот крај со надеж дека тој нема да значи почеток на нови.

Очекувам да ја споделите статијава за колку-толку да се рашири гласот.

Ве поздравувам