Интервју со највлијателната личност во еОбединетото Кралство

Day 1,891, 15:26 Published in North Macedonia South Korea by ONE Q

Еве ме и мене како амбасадор на еМакедонија во eUnited Kingdom со едно интерсно интервју на една уште поинтересна личност во Обединетото Кралство.Се работи за профил на девојка која е родена на 545 ден на еRepublik со име Kravenn.Интересна девојка а уште поинтересна на изглед и да ви кажам право ја имав баш таа привилегија да и направам интервју на мое задоволство.

Па еве што содржеше самото интервју:
Кога сте родени и кај ги започнавте првите чекори во еRepublik?
-Родена сум на ден 545 во Валонија, кој тогаш беше во Обединетaта Холандија.Моите први денови не беа лесни за мене и да не беше мојот пријател Slivever, јас не ќе бев способна да преживеам. Тој ми посочи да се преселам во Северна Холандија каде што бев вклучена во белгиската партија и во тоа време бев избрана 3 пати во парламентот и 2 пати претседател партија.Тоа беше голем успех за мене во тоа време.
Што ве натера да дадете оставка во парламентот?
-На ден 793,поднесов оставка во белгиското Претседателство на партија од многу недоразбирања и тогаш одлучив да се преселам во Лондон. Тогаш побарав и државјанство на Велика Британија и го добив во следните 48 часа.
Што се случуваше потоа во Велика Британија и како успеа да станеш толку влијателна личност?
-Тогаш се приклучив на партија за единство и бев избрана во Долниот дом за регионот на Брисел.
На крајот од тој период бев избрана во Midtjylland пред да бидам главно избрана во Јоркшир & Humberside.
Оваа следното покажува ког бев избрана за изработка на најдобро упатсво за млади играчи.
Кога се вклучивте во Министерството за комуникации?

-На крајот на 2010 година почнав да работам во Министерството за комуникации и 2 пати uMinister за образование. Во тоа време, објавив неколку упатства за ебебиња. Во текот на 2011 година бев избрана 2 пати на чело на комисија за држављанства.
Кога бевте избрана за Министер за Одбрана?

-Околу 2011 октомври, бев избрана да бидам министер за одбрана а накратко по тоа одлучив да побарам номинација да бидам следниот премиерот кандидат каде што имав многу тешка кампања против Dishmcds каде што ме обвинуваше дека англискиот не ми е прв мајчин јазик но сепак јас победив на изборите со 54%.
Добро тоа е твојата политичка кариера.Што се случува со твојата воена кариера?
- Паралелно со мојата политичка кариера одеше и воената кариера.Се приклучив во специјалните сили на Обединето Кралство, а неколку месеци подоцна, бев именувана за бригаден генерал.
За битките и кампањите што ги водев и за моите многу херој медали што ги имам добиено,можам многу да зборувам .Повеќето од нив се победи во борбата за Обединетото Кралство.Јас не сакам да ја украдам медаљата на некого но некогаш сум приморана на тоа кога ситуацијата бара.Еве дел од коментарите.
Кога ја формира твојата воена единица?

-На 18 јуни 2012 година формирав воена единица (Тим на Британска Армија) . Тогаш одлучив да им дадам пристап на младите британски војници каде 3 дена подоцна на 21 јуни го добив и Бог на војната како прв Бог на војната во британските Експедициски сили.
Каде најчесто го инвестиравте вашето злато?
-Пред се моето злато го инвестирав во компании каде формирав фабрики за храна и оружје.Моето мото е дека силината на една држава е во економијата па така се одлучив на ваквиот чекор.Еве ви и некои слики од мојата куќа во Лидс и помала куќичка во Сантјаго

Тука некаде сакам да го привршам оваа интервју со надеж дека пак ќе се сложите на едно вакво за мене прекрасно интервју.
-Благодарам и на вас и испраќам голем поздрав до вашата земја со надеж дека и понатаму ќе останеме сојузници во оваа интересна игра.
Во продлжение еве и неколку факти за оваа личност:
44x Hard Worker
35x Congress member
1x Country President.
1x Media Mogul
44x Battle Hero
11x Campaign Hero
8x Resistance Hero
106x Super Soldier
3x Mercenary Medal
15x True Patriot
3x Party president