Епизода втора: ЗАСЕДА ( продолжува - но не завршува)

Day 1,833, 13:22 Published in North Macedonia North Macedonia by serginius73

Тогаш комадирот стана,го прегрна Зорана и го поведе накај просторијата каде се спремаше храната и повикна на Таша - врати го јунакот во живот те молам – и удри со рацете толку силно што одекна дури до масата каде што јас и Трте пиевме чај.На излегување,кога помина покрај нас,командирот се сврте,го повика Аминта, замавна накај нас со стегната тупаница,ни намигна и си замина.Јас и Трте се погледнавме збунето и се ни се разјасни дури кога дојде Зоран .

***
Веста за доаѓањето на генералот се прошири со неверојатна брзина.Во центарот завладеа невидена возбуда на која не остана имун дури ни Иван кој се израдува на повторната средба со големиот пријател со кого војничката фела ги направи доживотно нераздвојни.Аминта доби стриктни наредби од него околу организирањето на војската,но со така несвојствен тон,да,како што си помисли во себе,човек просто се загрижи.
И покрај помошта од страна на десетарите на Аминта му требаше доста време да собере доволен број на војници кои делуваа како обезглавени муви.Почна да се нервира.Тој беше свесен дека неможе ни да замисли респект и влијание какво имаше Иван,но тоа што го затече,беше разочарувачки.Се најде себеси изгубен во бркотницата на исполнетиот полигон,обидувајќи се да им објасни барем на тие околу него зошто се тука.Кога еден сонлив војник тргна налево а требаше обратно, Аминта ги затвори очите за момент и збесна.Толку силно викна што сите замолкнаа и за две минути беа каде што беше и замислено.Конечно можеше да ни ги пренесе плановите за утрешниот пречек со јасна напомена дека никако несмее да се случи конфликт помеѓу војниците,било тие да се коштаплери,од водот за интервенции или војниците задолжени за безбедноста на центарот.Сепак,колку и да беше помлад,тој имаше доволно искуство и знаеше дека сега на исто место едни ке тргнат да се бричат, други да се мијат и ке се создадат услови за бесмислени туркања и непотребни тепачки.
- Добро- рече мирно – сега одете на ручек и да не видам никого до пет сабајле. Слободни сте.Утре тука – додаде и покажа со прст надолу.
Дури тогаш ги видовме Димза и Кире кои си ставаа сопки еден на друг,закачка што наиде на силен одзив кај останатите.Ги запознавме со Зоран и тргнавме во кујната убедени дека таму ке налетаме на Ацета.
Единствено преостана да помине времето.Замислен,чекорев и посакував мирна ноќ.Го слушнав гласот на Кире.
- Види орел – му рече на Зорана.
Ме насмеа...
***
Свежината на утринскиот воздух ги држеше будни сите војници од интервентниот вод кои беа наредени во неколку редици на пространиот полигон. Пред нас стоеше Аминта облечен во нова свечена униформа безуспешно обидувајќи се да не се прозевне,при што лицето му се грчеше.Откако виде дека ја губи битката,се сврте на другата страна,остана така некое време и пак се сврте кон нас.Ни рече дека имаме два часа да го средиме теренот околу полигонот и патот кон кујната,да јадеме и да се вратиме.Тешката ноќ се препознаваше во неговиот глас.
Ние петмината бевме ослободени од задачата поради обврските во стајата.Патот натаму ни го пресекоа коштаплерите кои го имаа своето вообичаено утринско трчање.Тие трчаа во маички без ракави и можеа да се видат нивните мускулести тела.Со нив,некаде на средината на колоната трчаше и нивниот налудничав командир Трупер кој делуваше како да е откорнат од карпа.Неговите лузни говореа за него.
Нетрпението не убиваше.

***
- Ама што се договоривме ние вчера?Си заборавил? - му зборуваше Кате на натажениот Благојче,најтешко ранетиот војник,откако дозна дека повторно ја молел сестра Венди да го убие.
- Тоа што неможеш веќе да одиш во војна не значи дека неможеш да и служиш повеќе на татковината – продолжи таа подместувајќи му ја перницата – ти си млад човек,треба да те жениме,како зборувавме вчера?Ајде,за брзо време ке си одиш за Прилеп и ке дојдеш да не посетиш.Испи го ова сега – рече и му подаде чаша вода накај исушените уста.
Еве го генералот! - се слушна од другата соба.- Да живее генералот Че! Да живее Македонија! – викаа војниците наредени на прозорците кога ја здогледаа поворката на чело со Че како поминува покрај болницата.Тој им отпоздрави и ги разгоре да викаат уште погласно.Делуваа помалку смешно со врзани глави,раце или гради но беа неизмерно среќни.
- Докторке,само што помина тука генералот Че – рече еден од војниците кога Кате излезе од собата на Благојче- го испушти.Да не беше кај мртовецот можеше и да го видиш хахаха – се смееше сам опиен од возбуда.Кате го погледна немо и му удри една шлаканица по што излезе да се исплаче на скалите.
***
Дека генералот е пристигнат во центарот ни стана јасно по вревата која доаѓаше од болницата лоцирана во непосредна близина на полигонот каде веќе бевме наредени и чекавме.Никој од нас досега го немаше видено Че.Треперевме од возбуда.
Моментот кога генералот со својата придружба се појави во нашиот видокруг засекогаш ке остане во моето сеќавање,што,верувам важеше за секој поединец.Го следевме секој негов гест.Командирот Иван гордо стоеше на патот со војнички поздрав.Генералот отпоздрави истотака војнички по што си ги стегнаа рацете и се прегрнаа.Следуваа вообичаените поздрави со останатите старешини по што генералот застана пред нас и ни се обрати.Ги впивавме неговите зборови.Иако бевме околу двесте војници,владееше беспрекорен молк.
Тој беше висок човек со неверојатно држење и говорничка моќ која пленеше. Покрај воената Че имаше и завидна политичка кариера и беше битна фигура во светски рамки,но откако едногласно беше избран за врховен командант на Македонската војска,сосема се повлече од политиката и и се посвети на армијата во целост.
Гласни овации се слушнаа по завршувањето на говорот на генералот кои траеја се до заминувањето на старешините во канцеларијата на Иван каде што требаше да бидат размотрени следните чекори на Македонската армија.По патот разговараа како обични луѓе.
***

- Другар генерал би ве замолила ако имате да одвоите пет минути – тивко рече Кате гледајќи го генералот со своите небесно сини очи.
- Влезете ве молам, ке ви се приклучам веднаш – им рече генералот на старешините покажувајќи со раката кон собата – повелете што можам да сторам за вас? - праша.

Кога се отворија вратата од собата,Благојче неможеше да поверува дека тоа што го гледа навистина се случува.Пред него стоеше Че.Си помисли дека Венди конечно се смилувала и дека е мртов.Не веруваше ни кога генералот се поздрави со него и му ја стегна раката.После неколкуминутниот разговор,генералот симна еден орден од неговото палто и му го даде на Благојче - Македонија се гордее оти има ваков син – му рече.