Утре крводарителска акција на „Комити“

Day 1,833, 11:48 Published in North Macedonia Greece by GeoSainnt

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ по повод својот 25-от роденден утревечер со почеток во 18 часот во Домот на АРМ во Скопје организираат крводарителска акција. Комитите ги повикуваат своите членови и сите фанови на Вардар, како и сите граѓани, да се приклучат на овој настан и да ја покажат својата хуманост.



Токму на 25 роденден да ја испратиме хуманата порака до сите, да покажеме дека навивачката група не е збир од насилни момчиња, туку луѓе кои се грижат и се подготвени секогаш да им помогнат на другите. Сложно, како што го бодревме нашиот Вардар во изминативе 25 години, ќе ја даруваме нашата крв која ќе спаси животи на многу наши браќа ширум Скопје – се вели во соопштението на Комити.
По крводарителската акција, Комити информираат дека во 20,30 во Домот на АРМ ќе биде организирана и изложба на фотографии.
Хуманитерните акции не се непознати за Комити, кои се едни од ретките кои редовно организираат крводарителски и други акции. Само оваа година повеќепати имаат дарувано крв, направија и посета на Македонците во Пустец, Албанија, на кои им подарија книги, македонска музика и маички со логото на Вардар и Комити, а ги одведовме и вардаровите фудбалери во домовите за деца без родителска грижа во Скопје.



copy paste : http://skopjeid.com