Приемен тест за полицајци!

Day 1,822, 03:56 Published in North Macedonia North Macedonia by toAdMAK

Кандидатите мора да знаат да читаат, или пишуваат – двете работи не се неопходни. Помошни средства не се дозволени.

Рок за решавање на тестот – 8 часа.

Секој кој ќе препишува, ќе добие дополнителни пет бода поради исклучителна иницијатива.

Со среќа на тестот!

Прашања:

1. Кој победил во Втората светска војна, а кој бил втор?

2. Од што е направен сребрениот долар?

3. Објасни ја Ајнштајновата „Теорија на релативитетот“ или напиши го неговото име.

4. Со големи букви напиши: куче, мачка, компир.

5. Кога почнуваат вестите од 19:30?

6. Колку, од прилика има божји заповеди?

7. Постоеле шест кралеви Џорџ, последниот се викал Џорџ VI. Како се викале останатите пет?

8. Напишете ги броевите од 1 до 10 наназад. За секој погрешно напишан број се одзема еден бод.

9. Кој го измислил Ото Моторот?

10. На кој инструмент свирел Мујо хармоникашот?

11. Дали го разбираш Њутновиот закон за гравитација? Да се одговори со ДА или НЕ!

12. Берлин е главен град на која држава? (не повеќе од еден одговор).

13. Заокружи ја несоодветната личност во низата:

а) Мартин Лутер Кинг

б) Папата

в) Махатма Ганди

г) Џек Мевосек

14. Васко де Гама имал три патувања на море. На едно од нив умрел. На кое по ред патување умрел?

15. Колумбовото јајце е:

а) Јајце од еден вид птица.

б) Специјално варено јајце за појадок.

в) Дел од телото на славниот морепловец.

🙂 Не сакам да навредам никој со статијава, ја објавив само за забава!!