Најлошото можно сценарио - Што ако човештвото остане без интернет?

Day 1,816, 12:50 Published in North Macedonia North Macedonia by krismaster7
Мини "сајбер штрајкот" во светот минатата недела не доведе во ситуација да размислиме како би изгледал светот ако еден ден се разбудиме не само без Википедија, туку без интернет воопшто.



Такво сценарио, се разбира, нема многу врска со реалноста, но не значи дека не е возможно. Човештвото се чини дека го прежива тој еден ден без Википедија ... И сонцето пак изгреа на исток, земјата и понатаму продолжува да се врти. Иако најголемата енциклопедија на интернет го блокираше пристапот до својата веб-страница на англиски јазик, поради знак на протест на предложениот закон против пиратеријата, учениците ја завршија својата домашна задача а студентите си ги спремаа своите испити и спремни одговараа пред професорите.
Белата куќа, сепак, одговори после протестот на еден од најпосетените веб-сајтови во светот и одеднаш одлучи да се спротивстави на донесувањето на законот, а Википедија, секако, си продолжи со нормална работа.

Овој Мини "сајбер штрајк" во светот минатата недела не доведе во ситуација да размислиме како би изгледал светот ако еден ден се разбудиме не само без Википедија, туку без интернет воопшто. Такво сценарио, се разбира, нема многу врска со реалноста, но не значи дека не е возможно. Сателитите се расипуваат, каблите не се од титаниум, а не треба да се занемари и човечката грешка како фактор. Сетете се на пример, на инцидентот во 2008 година. кога имаше сериозен прекин во протокот на интернет во Индија, Египет и во многу други земји од Блискиот Исток. После деталната истрага, властите објаснија дека проблемот се случил поради оштетување на три подводни прекуокенаски оптички кабли. А како беше предизвикана штетата? Од големите бродови за крстарење, со фрлањето на сидро!

Без разлика дали тоа е грешка, несреќа, сајбер тероризам, или мега-гига опасни вируси кои би го стопирале интернетот за извесно време, некои работи се доста сигурни: Светот по тоа никогаш нема да биде ист, а човештвото ќе се соочи со прилично големи предизвици, за кои веројатно не е подготвен. Бидејќи, ситуација во која светот би останал без интернет е малку веројатна , во светот ниту една земја нема разработено детален план за случај на оваа ситуација. Но развојот на настаните може да предизвика многу турбуленции, можеби и повеќе отколку што може да издржиме. Барем според едно од сценаријата кое Pressmagazin одлучи да го претстави.



Првиот ден

Во дел од секундата светот се менува и се враќа во дваесеттиот век, кој пак со себе влече последици од катастрофални размери. Нема повеќе e-mail, нема е-трговија, а податоците кои се чуваат со децении на "Мрежата" - милијарди и милијарди терабајти се недостапни за човештвото. Протокот на информации и нивното споделување е значително забавено, поради споменатата ситуација, а луѓето во првите моменти не се ни свесни што се случило. Што и да направите, пингајте, трејсирајте, кликајте со глувчето, сликата на мониторот останува непроменета:„could not find server" ...

Наскоро, сепак, станува јасно дека човештвото е во многу поголем проблем од што би очекувале. Недостаток на пристап до интернет ја отежнува работата и нормалното функционирање, а најранливи се оние чии работни места зависат од интернетот, односно, паралелно со развојот на интернетот. Сите веб-дизајнери, интернет огласувачи, блогери, администратори, па дури и Mark Zuckerberg лично, во моментот се без работа и сигурен извор на приход. Севкупната продуктивност е буквално преполовена. Во меѓувреме, хаосот се шири со брзината на светлината, од запад кон исток! Парадоксално, најтешко се погодени повеќето од развиените земји, кои веќе со години ја водат информатичката револуција. Авионите се приземјени, сообраќајот речиси и да не функционира, бидејќи во голем дел од развиените земји семафорите и остантата сообраќајна сигнализација, исто така е контролирана преку интернетот. Потребно е некое време да се стави се во функција повторно, со застарената технологија, застарените системи, а гужвите по улиците се неописливи. Луѓето полека го губат трпението, и уште првиот ден има сериозен пораст на криминал. Полицијата гледа дека во наредните неколку дена ќе имаат полни раце со работа.

Од друга страна, се зголемува цената на машинските инженери и професионалци, кои прават бизнис со нивните десет прсти, и не зависат од интернет конекцијата. Тоа е, сепак, мала утеха. Најлошото допрва доаѓа ...



Првата недела

Светот е "исклучен" повеќе од 24 часа, а повеќето USB уреди стануваат најбараната стока на пазарот, бидејќи тие се сега единствен начин да се пренесуваат информации од точката А до точката Б. Се чини дека ова не е толку голем чекор назад, бидејќи светот работел на тој начин до пред неколку години (режисерот Питер Џексон, на пример, не се одвојувал од своето USB за време на снимањето на "Господарот на прстените", бидејќи во руралните делови на Нов Зеланд немало интернет конекција за пренос на големи датотеки) .
Луѓето се веќе принудени да ги менуваат стекнатите навики, а тоа предизвикува големо незадоволство кое постојано расте. Веднаш по исчезнувањето на интернетот, банките објавија дека се е под контрола и дека ќе се најде решение за проблемот, но веќе вториот ден станува јасно дека тоа беше залуден обид да се смири населението. Едноставно, банкарскиот систем е срушен и нефункционален, а парите останаа заробени некаде во виртуелниот свет. Луѓе ги загубија своите заштеди, компаниите се без капитал. Финансиските трансакции се невозможни, економијата стои во место! Стравот се претвора во сериозна паника, која не може да се сопре. До крајот на првата недела, човештвото ќе мора да размислува за тековната валута и финансискиот систем.

Впрочем, многу луѓе ги загубија своите работни места, па затоа немаат извор на приход и немаат пари, се разбира, никој не може да купи основни прехранбени производи. Се чини дека неизбежно е да се добие нешто без размена. Прво, на локално ниво, каде што во соседството се трампа јајца за брашно, а потоа и пошироко, надвор од градот. Незадоволството се пренесува на улиците, а криминалот го достигнува својот врв. На ситните крадци и хулиганите им се приклучуваат и оние кои едноставно се гладни, ограбуваат продавници, ги празнат полиците, крадат се што им е на дофат. Освен, се разбира, компјутери и нови модели на "iPhone", кои стануваат целосно непотребни.

Се вооведува вонредна состојба и полициски час, а може да се забележи дека "обичните" граѓани се организираат со ноќна стража за да го заштитат она малку што им останало .

Македонскиот премиер во своето обраќање до јавноста нагласува дека: "Оваа нова ИТ криза всушност е нашата шанса", - човекот е барем делумно во право, всушност, Македонија е во многу подобра ситуација отколку САД, бидејќи сме многу заостанати во економијата и во технологијата. На луѓето од селата ни око не им трепнува за настанатите проблеми. Луѓето овде преживеале многу полоши ситуации, а снабдувањето со брашно, шеќер и зејтин не е проблем, бидејќи стојат на таванот од времето на војната во 2001-а.



Првиот месец
Стравот прерасна во паника, а паниката во општа хистерија. Се влошува ситуацијата на односите меѓу државите, се зголемува напнатоста, старите конфликти и спорови излегуваат на виделина. Светот е практично на работ на војна. Оптимизмот на нашиот премиер не траеше долго и се чини дека Америка повторно е во подобра позиција од нас. Едноставно, односот помеѓу САД и Канада е значително подобар отколку односите меѓу Македонија и ... повеќе или помалку сите земји во регионот. Се поставуваат барикади.

Своите пет минути ги дочекаа и терористите, кои ја користат новосоздадената конфузија и фактот дека системите за безбедност се доста раздрмани. Нивните напади дополнително ја влошуваат веќе тешката ситуација. Низ улиците шетаат секави лудаци и екстремисти. Армијата се приклучува на полицијата во обид да се воспостави ред, а генералите на САД се повеќе и повеќе вршат притисок врз Обама да објави војна на Иран.

Излегува дека интернетот исто така игра важна улога во координирањето на испораката на храна, па продавниците полека но сигурно остануваат без главните животни намирници. Луѓето полека ги трошат своите залихи и најчесто тие не траат повеќе од една недела. Во таква ситуација настапува глад, а со тоа и голем број на проблеми со кои човештвото тешко ќе справи. Атмосферата станува неиздржлива,а дипломатите се обидуваат да се подобри тој однос и барем на кратко да го одложат неизбежното. Проблемот е во тоа што комуникацијата е многу бавна, а ситуацијата се влошува. Тешко е да се водат сериозни преговори кога сте ограничени само на вашиот телефон и гулаби писмоносци ...



На подолги релации

Постојат неколку опции, но ретки се оние кои имаат среќен крај. Најдобрата опција секако е интернетот да се "поправи", но ако поради некоја причина тоа е невозможно да се направи, тешко е да се претпостави што би се случило.

Според прогнозата на американскиот научник и футурист Watts Wacker, кој на оваа тема (светот без интернет ) размислувал уште во 2009 година., не ни се пишува добро. Ако луѓето останат подолго време без интернет, вели тој, неизбежно е дека ќе се свртат едени против други. Религијата, начинот на живот, комуникацијата, начинот на кој се третираат другите луѓе, сите овие принципи на цивилизацијата ќе исчезнат. Луѓето не би издржале толку многу стрес, особено помладите се оние кои не може да се очекува да се вратат во ера во која никогаш не живееле.
Постарите, кои се сеќаваат на времето кога на интернетот не постоеше, сигурно не би имале таков проблем и побргу би се адаптирале. Но, за овие "дигитални домородци" ... чисто се сомневам. За момент се ќе се преврти наопаку. Луѓето ќе се однесуваат еден кон друг како животни, од кое, секако, не може да излезе нешто добро, предвидува Wacker.

За наша среќа, долгорочно губење на интернетот, дури и случајно, не е многу реална опасност, и овој текст најверојатно ќе остане во рамките на границите на научна фантастика. - Сведоци сме на некои прилично непријатни сајбер напади, па сепак ги преживеавме и продолжуваме со животот. Верувам дека така ќе биде па дури и ако останеме исклучени од интернет на неколку дена - на крајот изјавува Wacker.

За шаут: Најлошото можно сценарио - Што ако човештвото остане без интернет?
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2154221/1/20