Животот на еден програмер

Day 1,809, 06:39 Published in North Macedonia North Macedonia by krismaster7
Навистина ме интересира како живеат професионалните програмери. Каков живот имаат бидејќи и јас би можела да се занимавам со тоа... не знам, ако поради работата човек нема време за себе, пријателите и семејството, тогаш најдобро би било да не биде програмер. Можеби не сум во право, можеби има програмери кои успеваат и во едното и во другото, а ако ги има би сакала да се јават и да ја изнесат нивната животна приказна.



Животна приказна? Еве јас би ти ја раскажал.


- Еве, работам за да преживеам веќе 12 години и можам да кажам дека сум сосема задоволен. Да, многу работам, но затоа секој ден помеѓу 19:30 и 20:00 можам да изберам да не гледам вести туку тоа време да го прогласам за слободно! Во недела дури и можам дури 2 часа порано да си одам од работа, во 22:00.


Нвистина, на левото око видот ми е 60% послаб, но затоа на десното не гледам ништо, па така си мислам дека левото ми е одлично и добро ме служи. Половината ми е искривена и трпам тешки болки навечер, но еден мој пријател, кој не е програмер, имал сообраќајна несреќа, може да мрда само со устата, па така гледам дека има луѓе на кои им е навистина полошо од мене.


Се оженив (и разведив) 3 пати, сите три ги запознав преку чат, а со третата за прв пат се видов на денот на венчавката. Вкупно во брак поминав 47 дена, а третата сопруга успеав и да ја одведам во кревет, така што, нема за што да ми се приговори.


Понекогаш успевам да договорам слеп состанок, но започнувам да мислам дека моите 170 килограми прават проблем - не затоа што на дамите не им се допаѓам, туку затоа што не успевам да поминам низ вратата од ресторанот во кој сме договорени.



Во повеќе наврати се имам обидено и да спортувам, но што да правам кога ниту во шах ниту во „не лути се човече“ не сум добар, па затоа дигнав раце и од двете.


Што се однесува до пријатели, имав доста додека работев на програмата за штампање на картички, па им делев на сите. Сега никој нема, сигурно и тие имаат многу работа. На работа имам бесплатно кафе, а 2-3 пати годишно газдата носи и Кока Кола. Платата која е три пати поголема од било која друга работа, ја добивам многу ретко, така што тоа би било нешто со кое не можам да се пофалам. Ама не се жалам, на многу други луѓе им е потешко...


Се надевам дека успеав да ги разрушам предрасудите за програмерите.

Извор:
Факултети.мк

Со почит
Krismaster7

Содржина на весникот:
http://www.erepublik.com/en/article/seiz-power--2115627/1/20

За Шаут: Животот на еден програмер
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2149678/1/20