ОД ВОДА до ЗЛАТО

Day 1,807, 08:58 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka

Мала фирма во близина на Париз развила технологија која од обична вода се произведува злато и други благородни метали.

Фирмата “Magpie Polymers” сместена 80км од Париз, развила технологија со процес кој го усовршило швајцарското политехничко училиште уште во 2007 година. Во овој процес се користат мали монистри на пластични смоли кои го привлекуваат златото кое се наоѓа во отпадните води. Покрај златото и монистражите привлекуваат и други благородни метали.

Еден литар од оваа патентирана смола може да исчисти од пет до десет кубика отпадни води и да собере 50 – 100грама благородни метали во вредност од 3000-5000 евра.

Холанѓанецот Стив ван Зутфен кој заедно со Етјен Алморико ја основаше малата компанија го објаснува целиот процес:

- Благородните метали се присутни во мали количини во многу секојдневни производи, како што се мобилните телефони и катализаторите. Еднаш кога тие производи ќе бидат фрлени, имате проблем како повторно да ги вратите тие количества благородни метали. Некои од тие производи мора да се стопат со киселина и вода и тогаш се ослободуваат мали количества благородни метали што мора да се извадат од водата.

Технологијата што ја користи француската компанија може да послужи и за издвојување на другите штетни метали од водата, како што се оловото, кобалтот или бакарот.

Меѓутоа, уште никој не сака да плати за рециклирање исто толку колку што плаќа злато или платина. Амбициозната компанија има само шестмина вработени, а се надеваат дека ќе заработат речиси еден милион евра следната година.