Епизода втора: ЗАСЕДА

Day 1,803, 03:11 Published in North Macedonia North Macedonia by serginius73

Епизода втора: ЗАСЕДА
После скоро цел ден јавање,Зоран неможеше да изгледа поинаку одошто изгледаше – преморен,отепан од сонцето и ветерот,со слепени усни од молчење и со огромна потреба од сон – со еден збор,личеше на авет.Неговиот безимен коњ се тетеравеше по патот,постојано подзастанувајќи кај секој поголем камен,кој,поради жедта, му делуваше како бара,за што Зоран беше приморан да го подбуцнува со нозете.Иако западна Македонија изобилуваше со убавини, нему веќе одамна престанаа да му бидат интересни пределите кои ги оставаше зад себе.Го нервираа дрвјата,неузреаните капини,облаците и ретките средби со шумските животни.И мувите го нервираа исто така...Немаше веќе за што да размислува.Само се клатеше немо и незаинтересирано со благо носталгично чувство за мирнодобското време. Од длабоката зачмаеност го оттргна гласна наредба да застане изречена од човек кого неможеше да го види.Тоа беше стражарот во воениот центар Маврово,кој му нареди да се доближи и да каже кој е и што бара овдека,цело време држејќи го на нишан.Зоран послушно се приближи - Дојден сум да се сретнам со командирот Иван Македонски.Носам вести за него - изговори некако,по што стражарот му дозволи да помине и му даде упатства каде да оди, незнаејќи колку силно Зоран сакаше да го прегрне.
Внатре во центарот вриеше од луѓе и живот особено поради присуството на коштаплерите кои беа главни виновници за неуспешноста на албанските востанија. Тие беа тука на поминување и регрупирање т.е. заменување на ранетите борци со нови регрути од останатите поголеми воени центри од земјава.Постоеја војници кои се шегуваа во смисол дека,подобро е да те ранат во акција,пошто за тебе ке се грижи главната докторка Кате.Таа кон сите ранети се однесуваше како кон свои браќа и ги негуваше толку внимателно,што веќе имаше статус на ангел.Стариот планинарски дом беше претворен во болница и имаше и неколку простории кои беа користени како спални и канцеларии за старешините.Само командирот Иван никогаш не спиеше во нив.За него тоа беше покажување слабост.Тој имаше мала барака и сламен кревет во кој се чувствуваше удобно кога,лежејќи,си ги исправаше своите стари коски,подјадени од влагата во европските ровови и бојни полиња.
Малку подолу,на една рамнина,се наоѓаше полигонот за вежби каде стоеше некој старешина и гласно броеше додека група од околу 30 војници беа исполегнати и ползеа по прашината.Гледајќи ги,Зоран се присети на своите војнички денови во центарот “Мечкин Камен” во Крушево и на Светецот,главниот командир,кој имаше моќ да те убеди дека не постои војна која неможе да се добие.Посака пак да слушне команда од неговиот рапав глас.

***
Денот после пијанчењето за мене беше тежок и мачен.Кога момциве од другата смена конечно ме разбудија,и откако испив половина од езерото,пробав да го оспособам и Тртета,но гледајќи го неговото лице кое изгледаше како да е направено од Прилепскиот мермер,сватив дека и неговиот ден ке биде ист.Тој повраќаше речиси со секој земен здив.Еден другар ми помогна да го однесеме до поилото за да му сипеме кофа ладна вода,која несомнено ке му дојдеше добро.
- Ајде исправи се - му зборував јас – одиме долу до кујната да земеме чај од коприви.Ајде...
- Пушти ме да умрам – викаше Трте – каде е Аце... викни го,дај ми вода... одиме ли? Леле главата...кој е овој? Се е жими кур...
- Ајде одиме – повторив.
По патот правевме чести паузи за да Трте се исповраќа и продолжувавме пополека клатејќи се.Јас зборував се што ке ми паднеше на памет во обид да го развеселам малку другарот Трте кај кого можеа да се приметат првите знаци на трезвеност.Му се враќаше бојата и свеста и дури еднаш срамежливо се насмеа.Конечно и капата му стоеше на главата и му ја криеше мократа коса.
Одеднаш пред нас се појави некој непознат истоштен војник,со вцрвенето лице полно со дамки од прашина,качен на коњ кој,кога не здогледа,застана,не измери со поглед и праша:
- Другари,каде се наоѓа кујната?...Што му е на другарот?
Бидејќи и ние бевме упатени токму таму,се договоривме тој да ми помогне со Трте а јас после нему со коњот,кој како едвај да чекаше да си легне.Се запознавме по патот.Мене целата ситуација ми беше помалку смешна поради изгледот на двајцата мои сопатници,едниот мамурен а другиот преморен.
Просторот исполнет со маси и клупи наредени околу нив сите го викаа кујна оти таму војниците јадеа.Беше тоа царството на Таша,девојка за која секој имаше респект и која едноставно правеше магија од секаква храна.
Кога пристигнавме,во кујната немаше никој.Само на една поодалечена маса седеа Аминта и Иван и пиеја кафе.Штом ги здогледа,Зоран се стрча кон нив,ги поздрави војнички со став мирно и гледајќи во хоризонтот повика:
- ГОСПОДИН КОМАНДИР ВОЈНИК ЗОРАН МАКЕ...
- Чекај војнику - го прекина командирот - не викај толку ке те чуе непријателот да му се сневиди, полека...
- Се извинувам - рече Зоран - ви носам порака од генералот Че кој утре ке помине од тука заедно со генералот Воикс и уште некои старешини.