општествена солидарност и економска политика

Day 1,801, 02:18 Published in North Macedonia North Macedonia by BranislavMKD

Во последните артикли имав напишано за банка за подршка на надоградба на тренинг центрите.
Иако имав коментари дека е позитивна идеја и дека треба некој да ја оствари, популарноста на весникот ми беше помала од било кој коментар на вило кој весник.
Не ми е целта за виртуелна слава и за тоа не сакам да се промовирам. Не сакам ни суб ама сакам за добри статии воте.
Но еве уште еднаш да апелирам до сите што ке го прочитаат ова.
Дај да им помогнеме на новите играчи побрзо да се издигнат. И тоа не било кој туку народна банка. Од даноците.
За што точно ни одат парите?
Знам дека има совест кај сите играчи само треба да се потикне за да се реализира.
Дајте им поттик на новите играчи да го надоградат првиот ( бесплатен) и вториот ( со 0,19 злато) центар на што е можно повисоко ниво. Така и многу повеке злато ке влегува во играва, ке бидат посилни при ударите и ке им биде поинтересно. Па нели тоа ни е целта.
Овојпат јас ги потошив сите мои пари за да надоградувам тренинг центри но понатаму самиот ке дава злато на оние кои им треба ако не се направи нешто. Сам со глава ѕид ке буткам и нема да се одкажам, но очекувам барем малку нешто да се промени па тоа да биде институционализирано и организирано. А тогаш и даноците да се кренат ке имаме цел. Вака обичните играчи немаат појма каде им одат парите и нормално не се мотивирани.
ОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧАРИ.
Очекувам барем еден од вас да посака да направи искреен потег и да го протурка ова во конгресот. А очекувам сите да го подржат. Иднината почнуваме да га градиме сега а се гради секој ден.