Дундо Марое- Изреки

Day 1,790, 05:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Palavec

Поради буљаши што пријавуваат и рекордно добиени 5 ФП у рок од 2 дена го менувам насловот на добро познатите дела од нашиот мајчин јазик кој ги споделувам со вас!

Значи вака:

Македонскиот јазик секојдневно се збогатува со нови изрази, како и со ново, преносно значење на веќе постоечките. Не е лесно да се биде во тек, па да видиме неколку примери кои сведочат за промените:
Лапај.

-Примарно значење: Да јадеш.
пр. Лапај си лесковачка.
-Секундарно значење: Да бакнуваш.
пр. Лапај си малолетничка.
-Моментално значење: Да бидеш горд (на)
пр. Лапај си 10 дена на Закинтос.

Чао. (се среќава и како 'Поздрав')
-Примарно значење: Да се поздравиш, збогуваш со некого.
пр. Чао брат, пази да не умреш по пат.
-Моментално значење: Помошен глагол при пофалба.
пр. Епа чао, може не си најбоље.

Газење.
-Примарно значење: Чекорење.
пр. Пази, не иди од таму, ќе згазиш у гомна.
-Секундарно значење: Помошен глагол при нагласување на дејството
пр. Аман бе пеер, се згази од прдење.
-Моментално значење: Пофалба, честитка, возвишување.
пр. Си газиш со новиот ајфон.


Важно е да се спомене и значителната промена кај прашалната форма на зборот 'така'. Примарна улога има кај ситуации каде не сме сигурни во изјавата, односно каде што е потребна потврда.
пр. Абе ја исклучи ринглата, така?

Денес се користи исклучиво во ситуации каде при стекнување со нова информација, бараме потврда за истата, како веќе да сме ја знаеле.

пр.Особа А: Лееееееееееле не знаеш колку е јако пивово !
Особа Б: Такааа? (се чита д'гааа)



Ќе ве молам ако не ви е тешко и да го споделите со вашите другарчиња!!!