Предавници помеѓу еМакедонците???

Day 1,773, 00:09 Published in North Macedonia North Macedonia by toAdMAK

Вчера, откако завршив со пукањето против Американциве, се одлогирав и си започнав со РЛ обврските. Вечерта, повторно се логирав и кога ќе видам, изненадување, "nasabiblioteka has transferred 84 weapons in your storage". Само Бог знае кој е типов или подобро речено, чие мулти е. Добив 84 Q6-ки. Се израдував на почеток, но потоа ми светна. Се сетив на еден ваков случај пред одредено време, само не ми текнува на името на дечкото кој исто така доби тенкови од некого, а потоа и бан од плато. Незнаејќи како да го пријавам случајов до администраторите, му ги вратив тенковите назад. Сега се надевам само дека нема да следува бан и на мене за глупост. Сакам да ве замолам, кој знае во коментар нека ми ја објасни постапката за репорт на случки како оваа. Се прашувам, дали ова се некои наши на кого им е досадно и си прават мултиња со цел да банираат некого (можеби е натпревар, кој ќе успее повеќе да банира) или пак ова е МастерПлан на некој Јужен да не избанира сите еМакедонци. Еве и доказ: