Вицови..

Day 1,772, 13:44 Published in North Macedonia North Macedonia by AFc.mkD

1. Македонец, американец, германец и грк се качиле на облакодер.
- За Америка! – рекол американецот, скокнал и умрел.
- За Германија! – рекол германецот, скокнал и умрел.
- За Македонија! – рекол македонецот и го турнал гркот.

2. Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
- Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
- Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
- Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
- Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
- ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
- ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!

3. Си биле Македонец и Грк и требало да кажат некоја песна и Гркот кажува некоја, а Македонецот цело време зборува за ‘Маршот на Дрина‘. На Грков му здосадило со тоа Марш на Дрина и му вика на Македонецот
- Абе кај вас има некој друг Марш освен на Дрина?
- Да да има.
- Е кој?
- Марш у пичку матер.

4. Се сретнале двајца пријатели на туристичко патување во Египет. Едниот Македонец другиот Грк. Гркот изненаден:
- Кај си бе човек, колку време те немам видено, баш тука кај пирамидиве да се сретнеме. Колку е мал светот!
А Македонецов:
- Не е светот мал, Македонија е голема! 😃

5. Плавуша прашува:
- Извинете, што значи “I don`t know”?
- Не знам!
- Чудно, кого и да прашам не знае!

6. Зошто Трпе обожава да ја гледа свадбата од назад кон почетокот?
- Затоа што Трпана тогаш го вади прстенот, се качува во колата и се враќа кај нејзините дома!

7. Учителката му вика на Трпе:
- Кажи на англиски: “Мачката падна во вода и се удави”.
Трпе:
- Mjau bum in the water glugluglu no more mjau mjau”.

8. Што фали на слика на фејсбук со 500 лајка?
- Облека.

9. Wikipedia: Јас знам се!
Google: Јас имам се!
Internet: Без мене не можите!
Струја: Навистина?

10. Си бил младич на испит по логика и професорот му вели:
- Ќе ти ставам 5 зошто ништо не знаеш!
А студентот му враќа:
- Професоре, а може ли јас да ви поставам едно прашање од вашата област… Ако ми одговорите точно, ставете ми 5 и си одам, ако не ми одговорите точно ставете ми 6 и ќе ви го кажам одговорот!
Професорот се сложил, а студентот му го поставил прашањето:
- Што е легално, а не е логично; што е логично, а не е легално и што е ни легално, ни логично?
Професорот по долго размислување се откажал и му ставил 6ка на студентот, а студентот му го кажал одговорот:
- Вие имате 61 година и имате сопруга од 24 години, што е легално, а не е логично! Вашата сопруга има љубовник на нејзина возраст, што е логично, а не е легално! Вие на нејзиниот љубовник му ставате 6, што не е ни легално, ни логично! 😃