Продолжеток на епизодата - МАВРОВСКИ МУГРИ

Day 1,767, 07:46 Published in North Macedonia North Macedonia by serginius73

Вревата што ја правевме околу четириесеттмината новодојдени војници, соберени во подземниот бункер,сосема стивна со влегувањето на командирот Иван. Тој ни отпоздрави со климање на главата,не погледна набрзина секој од нас и почна да зборува.Неговиот говор ни остави силен впечаток и делуваше мотивирачки на секој поединец,особено кога,опишувајќи ја нашата улога во војната,не нарече херои и синови.Останавме неми и кога командирот си замина а збор доби капетанот Аминта кој требаше да не распореди.
Бевме поделени во групи по десеттмина и секоја група имаше свој предпоставен старешина.Добивме дневни задачи и вест дека денес ке се поделат по две јаболки по војник,што предизвика бура од воодушевување до граници на екстаза.На војничкиот пазар овошјето достигнуваше доста висока цена,така да,за едно здраво јаболко или круша можеше да добиеш парче убаво селско жолто сирење, табакера, нови врвки и што ти уште не.
Нам ни беа доверени коњите и грижата за нив и ни беше објаснето дека треба да се поделиме по пет души и да работиме во две смени.Набрзина се договоривме да бидеме заедно јас,Трте,Димза и Аце а како петти го одбравме момчето кое стоеше само одстрана и отсатно си чкрташе некакви линии со чижмата.Неговото име беше Кире и доаѓаше од Неготино.Не зборуваше многу но далеку од тоа дека беше намќор.
- Се надевам дека и за непријателот ке бидеш вака неприметлив – му реков јас додека одевме кон нашето ново работно место.Тој се насмевна со половина уста и покажа со прст накај небото – види орел! – рече.Кога погледнав нагоре,ми ја турна капата и продолжи да чекори гледајќи на другата страна,едвај возджувајќи се да не пукне од смеа.
Откако пристигнавме во стајата,веднаш се фативме за работа,барем додека водникот беше тука.Бевме тивки и внесени во работата што го натера водникот да помисли дека коњите имаат светла иднина со нас.Кога останавме сами,еден по еден почнавме да зборуваме за се што ке ни дојдеше на памет.Димза ни раскажуваше за тоа како пред војната бил во Унгарија кај вујко му ( за кого подоцна се испостави дека таму бил во затвор ) и како таму е многу поразлично од овдека,јас реков дека најдалеку сум бил во Охрид а и Аце и Трте рекоа дека ни они не се утепале од шетање по светот. Бидејќи со авантурите од странство бргу завршивме,муабетот се сврте на јадење и пиење. Кажувавме случки од кафанските маси,се расправавме чија баба меси поубава баница или татлија,кој дома прави подобро вино и дали е послатка белата или жолтата ракија.
- Јас никогаш порано не сум пробал ракија – рече Трте и си продолжи да си ги тегне кофите со вода за коњите и кривото магаре со вонземски инает наречено Рамче.
- Не е можно да си сериозен Трте – рече Аце,по што следуваше река од коментари.
Кутриот Трте само не гледаше,накривен наназад додека ние тројцата зборувавме сите одеднаш и му поставуваме прашања на кои не ни чекавме одговор, туку веднаш следеа нови и нови се додека јас не повикнав: - Чекајте луѓе! Застанете! Ајде ти Трте речи ни ти зошто?...само тоа.
- Пааа...- со несигурност кажа трте и погледна во земјата - ми рекоа дека многу лути во грлото...дека ти гори во стомакот ... и дека утре те боли главата ете затоа – заврши Трте и не погледна под око,по што следуваше нов бран од зборови овојпат проследени и со благи удари.
Целото тоа време,Кире стоеше со забиена трозаба вила во земјата и со едната нога поткрената на неа.Тој удри со рацете по што ние застанавме и се свртевме накај него освестувајќи се дека и тој постои.Со нетрпение очекувавме да чуеме што има да каже.
- Другари,во мојата чутурка имам ракија што ми ја даде дедо ми Атанас на поаѓање за недај боже,па,пошто никој не ја пронајде ... ете си остана..па...
Следеше неверојатна радост.Димза ги креваше рацете кон небото качен на магарето,Аце играше оро вртејќи коњски опашки во двете раце а јас го прегрнав Кире и го нарекував наш херој.
- Ајде донеси ја побрзо – реков – треба Тртета да го правиме маж.
Кире отиде по ракијата додека Аце ме повика да го поткренеме Тртета и да заиграме заедно.- Немора бе луѓе, нека му остане негова си е – залудно пробуваше да не разубеди Трте продолжувајќи да игра.
Не помина многу време кога се појави Кире со светиот грал во раката и не затекна испоседнати во круг изморени од радувањето,нестрпливо очекувајќи го моментот кога душите ке ни замирисаат на ракија.Тој седна со нас,ја отвори чутурката и со неа направи почесен круг пред нашите пресреќни лица.Него го изгласавме да ја започне свеченоста,како главен виновник за сето ова,па потоа,следен да биде другарот Трте и натаму веќе не беше битно.
- За здравје и среќа - рече Кире,се прекрсти и се напи голтка навалувајќи ја главата наназад со голема брзина.Направи смешна гримаса и му ја подаде ракијата на загрижениот Трте- земи,освежи се.На Тртета како веќе да му здосади чувството на напнатост,одлучно ја зеде ракијата,се прекрсти и тој набрзина и се напи охрабрен од нашите погледи без ниту трунка страв.Тој дури успеа да остане мирен и покрај тоа што имаше впечаток дека некој му сипува запален гас за ламби во грлото. Сакаше да му каже на Ацета нешто подавајќи му ја ракијата но гласот го издаде.
- За другарот Трте - повикнав јас - и бог да го благослови дедо Атанас за ова богатство – морав да речам откако се напив.
- За десетка - потврди Димза продолжувајќи го кругот.
Колку бевме пијани ни стана јасно кога Рамче се олесни.На Тртета тоа толку смешно му падна,што ке се задавеше од јаболките кои ги јадевме со сласт. Вложивме доста труд да го смириме и да го одвратиме од идејата да оди кај Таша за да и побара домати,оти,реално од неа можеше да добие само црпалка по главата. Постојано повторуваше колку не сака сите нас што само покажуваше дека е тапа. Тогаш Кире од внатрешниот џеб извади кавал и почна да свири стари македонски мелоси.
- Ииии другари!! - повика Трте – јас највеќе ја сакам оваа песна, слушај Кире... брат...слушај ЕДНО ИМЕЕ ИМАМЕЕ ВО ДУУ...- запеа колку го држеше глас дур Аце не му ја затна устата велејќи му да престане .Тој најпрвин ке се смиреше,но набрзо пак ке продолжеше да вика и да добива пориви да оди да коле албанци. Повеќе незнаевме што да правиме со опијанетиот Трте. Само во едно бевме сигурни: - ако случајно се појави Командирот Иван на врата, лично тој ке не стрела.
Набрзо ракијата сосема го совлада Тртета кој првин стана,почна да зборува нешто неразбирливо и се занесе наназад по што се испружи на земјата и моментално заспа.Бидејќи неможевме да го носиме во одаите за спиење,го сместивме во убаво наредените снопови сено кои ги имаше тука во изобилство.Јас останав да спијам во стајата за да не биде сам,додека другите отидоа смеејќи се.Бев уште долго време буден размислувајќи си за вечерашните случки,за другарството,за војната...
Едно име имаме... си потпевнував одвреме навреме додека Трте гласно и безгрижно крчеше...