Вод за интервенции ( сеќавања на воените времиња )

Day 1,762, 16:47 Published in North Macedonia North Macedonia by serginius73
ПРОЛОГ:Бидејќи незнаев што да напишам како своја прва статија,се фрлив на работа и напишав приказна замислена како сценарио за тв серија.Имињата на ликовите се земени по случаен избор од играчи на ереп Македонија и ги молам споменатите да не ми се лутат а неспоменатите да знаат дека сите се тука,само камерата не ги фатила у момент.Првата епизода не е завршена но за да не биде предолга статијата сакам да ја пуштам како тест епизода за да знам дали вреди да пишувам понатака.Ке има уште и ликови и случки само ако ви се допаѓа...
Од авторот


Вод за интервенции
( сеќавања на воените времиња )

Епизода прва:мавровски мугри

Громогласен татнеж од испукана ку6 граната ме трогна од лесниот сон во кој безгрижно бев потонал,испружен на тревата облиена со утринска роса а таман се бевме стокмиле со моето либе да си споделиме радости под јамболија. ”- Ах,проклетници!”- си помислив триејќи си ги очите “- Сега ли најдовте да пукате”.Набрзо следуваше уште една експлозија чиј звук се развлече низ празниот простор и долго одекнуваше низ падините на Бистра и како да отиде да се разлади во прекрасното Мавровско езеро каде бев распореден со уште некои војници со кои се запознавме неколку часа претходно и кои,исто како и јас,ги чекавме првите задачи од штабот .Ја испратив со рамнодушност и во исчекување на нова,
почувствував нечиј поглед.Се свртев и го здогледав Димза кој ползејќи ми се приближуваше.
- Храбар си – ми рече,возбудено погледнувајќи де лево де десно, небаре ќе ја здогледа следната граната,се насмеа уплашено и додаде – јас досега ке бев на дрвоно- и направи движење со главата накај еден стар даб кој растеше тука со децении.
- Искрено,не би го нарекол тоа храброст – возвратив – сум задремал и жив сум се вкочанил,па си реков,ако било пишано тука да останам – нека биде!
Едвај некако најдов сила да подстанам држејќи се за грбот со болна гримаса на лицето,бркнав во џебот и извадив згужвана пакла родео меко.
- Земи,запали една цигара – реков – ке те успокои.
Додека пушевме молчејќи со мисли далеку некаде,го посматрав Димза и неговото младо лице на кое сеуште немаше оставено трага ниту еден немил настан.Се гледаше дека никогаш не бил во војна,не изгубил свој близок и дека се плаши од смртта.
Спорадичните истрели и пукања престанаа и повторно завладеа мир и тишина. Дури можеа да се здогледаат и понекои птици кај кои гладта им го потиснала стравот и ги натерала да полетаат во потрага по храна.Од удолнината допираа нечии гласови,најпрвин неразбирливи а потоа сосема јасно се препознаваше македонскиот јазик.Сочекавме.Од оближните грмушки се појавија Аце жути и Трте сосема внесени во дискусија за времињата кога Македонија беше толку голема што ти требаа три коњи за да ја прејаваш цела...ако не и четири – заклучи Трте со сериозен израз на лицето.
- Момци,вие како на корзо да сте бе – се пошегував јас кимајќи му на Димза – уште транспаренти ви треба “ПУКАЈТЕ ОВДЕ” и завршена работа.А?
- Не им се плашиме ние на Албанциве – гордо рече Трте – да знаеја тие да пукаат ке си имаа држава а не вака само востанија да креваат бадијала.Него да одиме долу во базата,командирот ве бара а Таша направила гравче прсти да изедеш.Аце трипати бараше порција,кажи Аце кажи... нели?
Аце се фати за стомакот,го протресе и направи фаца која се кажуваше.Додека одевме надолу видовме еден зајак стаписан од страв кој требаше да и заблагодари на Таша оти да беше Жути гладен,жив ке го изедеше.
*
* *
Командирот Иван Ванчо Македонски тоа утро се разбуди доста свеж и наспан што му се немаше случено одамна и реши да се почести со уште дополнителни пет минути излегување во сламениот кревет,откако си помисли дека,најверојатно, со тој негов гест нема да ја сврти војната на страна на непријателот.”Заслужив,ебаго”- си мислеше во себе вадејќи огромен закоравен мрсул од неговиот закривен нос.Се прокашла доволно гласно со што му порача на неговиот помошник Аминта кој пушеше надвор дека неговото време за одмор заврши.Иако Иван имаше горопадно тело,поради кое некои мислеа дека е рус и неверојатно продорен бас,сепак тој не беше воопшто строг,дури може да се каже дека имаше зачудувачки добра душа, душа која гореше за Македонија. Откако конечно стана и направи мала утринска фискултура,пријде до импровизираната чешма направена од буре за ракија од прочуениот мајстор од Вевчани,кој правеше чуда од било какво дрво,го одврте чепурот и енергично се изми со движења на збудален бивол.
- Добро утро другар командире – успеа да процеди низ устата Аминта здогледувајќи го потечениот командир и се стресе ни самиот незнаејќи зошто.
- Кое црно утро црн Аминта,скоро е единаесет – рече командирот – ајде собери ги курлевците на збор треба да се работи и речи и на Таша дека сум гладен,таа знае што треба да направи.Да се избричам ке дојдам – заврши мирно командирот и појде накај бараката.
-Уште си тука? – грмна командирот по што Аминта дигна прашина и го снема за миг.