Македонскиот синдром

Day 1,732, 18:40 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво Македонијо,

После подолго време пишувам артикл од мојот весник бидејќи осетив потреба за тоа. Статијава нема да ја пишувам како МоФА, туку како еден обичен еграѓанин на оваа заедница.

Македонија повторно е една од водечките сили во еСветот и е една од ретките држави кои успеваат да си ги зачуваат своите 9 ресурси скоро цел месец. Но, како и секогаш славата и ресурсите секогаш го удираат македончето по глава и започнуваат меѓусебни кавги, неправди и наводни крадења од претседателот и неговата влада.

Би сакал да ви поставам две прашања на сите тие што плукате по претседателот, неговиот тим и луѓето кои го подржуваат:

- Дали и останатите претседатели на земјите го крадат својот народ кога бараат донации за airstrike?
- Зошто сте со странско државјанство ако Македонија ви е битна?


Донации се потребни бидејќи сакаме да им помогнеме на следните претседатели кои ќе дојдат на претседателската функција за да имаат опција + преку airstrike. Пред да се плука, може да се праша што е работата и зошто се потребни лебови. Донации можат да се примат уште 2 дена и затоа пробуваме да ги собереме. Но, македонскиот синдром е еден и единствен. Понатаму на оваа тема не би коментирал бидејќи не би сакал нашите ПАТРИОТИ со Американски државјанства да се навредат и да се осеќаат ограбени од претседателот кој своето РЛ време го посветува на играва.

Втората работа која би сакал да ја напоменам е следнава

- Претседател на една држава во играва е НАЈОДГОВОРНАТА позиција која може еден играч да ја има. Претседателот постојано е под притисоци и закани од сите останати играчи. Ако мислите дека ако си претседател е лесна работа и ако мислите дека ако претседателот ја има НБРМ може во секое време да зима пари од неа кога и да посака сте згрешиле. Јас лично можам да ви гарантирам дека да си ПРЕТСЕДАТЕЛ на една заедница во играва е пред се психички, а потоа и физички напор. Да си пред компјутер пола од својот ден и да пробуваш да помогнеш на секој можен начин, за на крај да добиваш пе*ер, сељак и останати пцовки е работа за која треба да се запрашате самите себеси

- Дали е праведно тоа што го правам?


Не дозволувајте повторно славата да не удри во глава и да го изгубиме она што го стекнавме изминативе 2 месеца. Македонија е една од ретките држави со кои можат да го променат овој еСвет. Затоа, помогнете и вие да успее оваа еМакедонска заедница.

Не размислувај што еМакедонија може да направи за тебе, туку што ТИ можеш да напраивиш за еМакедонија.

Бидете ми поздравени,
DarkoDimovski1

За шаут:
Македонскиот синдром
http://tinyurl.com/czbbhzz