Првите и едноставни чекори на еРепублик

Day 1,711, 16:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Themacedoniansoldier

Здраво! Иако не сум голем пишувач, се решив да напишам статија за првите чекори
на еРепублик, на тие што не и е јасна играта, па еве некои чекори.

Прво треба да заработуваш пари, нормално преку работа, а ако сакаш да се вработиш ке кликнеш на My places а потоа во горниот десен агол има Get a job. Работа можеш да бараш само во твојата тековна локација, пример ако сакаш да работиш во Англија, твојата локација треба да биде таму.

Ако сакаш да бидеш појак секој ден треба да појачуваш сила, а тоа го правиш кога ке кликнеш на My places и ке кликнеш Training grounds. Тоа ти овозможува да стануваш појак, а на 250 сила го освојуваш медалот Супер војник

Доколку сакаш да се бориш горе до My places има Wars, кога ке кликнеш ти излегуваат повеке битки, а ти одбираш за која држава да се бориш, ако се бориш за својата држава можеш да го освоиш медалот Вистински патриот, а ако постигнеш најголемо влијание во некој битка, го добиваш медалот Херој на битка.

Доколку ти треба храна или оружје, тоа можеш да го купиш од Marketplace, а има и Monetary market. Во монетари маркет можеш да продаваш МКД за голд, и обратно.

Од левата страна има МКД и голд. Со МКД можеш да купуваш храна, оружје и друго. Доколку со голдот може да купуваш фабрика за оружје и други фабрики. На секој освоен медал добиваш +5 голд, затоа голдот треба да го искористиш паметно.

Секој еРепубликаш треба да виде член на некоја воена единица и партија, во десниот горен агол, Community, па после My party доколку сакаш да станеш член на партија, и Military unit ако сакаш да станеш член на воена единица

Сите ерепубликаши можат да си креират свој весник, а креирањето чини 2 голд, и на 1000 subbscribe го добиваш медалот Медиумски магнат.

Секој ерепубликаш може да гласа на избори, преку Community и потоа Elections.

Тоа беше се од мене се надевам дека малку ке и помогнам на тие што не и е јасно.

Поздрав,
Themacedoniansoldier