Кандидатура за Претседател на еМакедонија август

Day 1,709, 10:49 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Со задоволство сакам да Ве информирам дека влегувам во предизборна трка за претседател на еМакедонија. Пред да се впуштам во оваа таканаречена авантура, добив поддршка од мојата единица Reservoir Dogs како и од сите играчи кои ги знам и во реален живот.

Затоа што длабоко сум убеден дека ни треба соединување, а не дополнителни разединувања, по направените консултации со повеќето лидери на политичките партии во еМакедонија, се обврзувам да се грижам за нашата земја во престојниот месец Август.

Затоа што голем дел од нас во Август користат одмор, ги повикувам оние кои веќе се исончаа и се вратија по дома, а ќе бидат послободни и активни во август, доколку се заинтересирани за партиципирање во владиниот тим, да ми се обратат со порака.

До финално составување на тимот и објавување на предизборна програма, искрено Ве поздравувам.

Aleksandar