Шпанија преку белата точка до ново финале, Рамос ги замолче критичарите.

Day 1,682, 05:02 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат во историјата се пласираше во финале на Европското првенство откако по 120 минути без голови, актуелните европски шампиони беа поуспешни од Португалија по изведување на пенали.

Португалија одигра рамноправно и ја задуши познатата тика-така игра на „црвената фурија“. Шпанците стандардно имаа поголем посед на топката, но воопшто не беа подоминантни кога се шансите во прашање.
Арбелоа ја имаше првата сериозна прилика на стартот откако беше проигран од Иниеста, но неговиот шут заврши над голот.
Но Кристиано Роналдо после неколку непрецизно изведени слободни удари, имаше колосална шанса да го реши натпреварот во последната минута откако Португалија тргна во контра напад, а нивната главна ѕвезда изби сам од десната страна на шестнаесетникот но топката заврши високо на трибината зад голот.


Потоа дојдоа пеналите е таму Рамос докажа зошто е на ссписокот на Мурињо.

За разлика од дуелот со Баварците, кога неговиот удар заврши на трибините, овојпат Рамос во Доњецк на храбар, и по малку дрзок начин им донесе психолошка предност на своите соиграчи. Па така човекот на кого му се потсмеваа многумина со вистинска мајсторија ги замолчи критичарите.
А Португалија после промашувањата на Бруно Алвеш и Мутињо го заврши патот на европското и Роналдо ќе мора да чека друга шанса да докаже дека е подобар од неговиот ривал Меси.

о7
Zombinho