Вардар против БАТЕ Борисов во ЛШ

Day 1,679, 17:09 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Македонскиот фудбалски шампион Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони ќе се сретне со екипата на БАТЕ Борисов од Белорусија.

Тренерот Илчо Ѓорѓиоски пред денешната ждребка изјавуваше дека БАТЕ Борисов е најмалку посакуваниот противник, но во второто квалификациско коло ќе се сретне токму со белорускиот тим.

Првата средба Вардар ќе ја игра на домашен терен на 17/18 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Белорусија.

Екипата на БАТЕ Борисов има тотална доминација во Белорусија каде ја освои титулата во последните шест сезони.

Во сезоната 2008/09 тие изборија пласман во групната фаза на Лигата на шампиони каде ремизираа по еднаш со Јувентус и Зенит и загубија на два пати од Реал Мадрид. Минатата сезона тие повторно се пласираа во групната фаза на ова натпреварување и остварија по едно реми со Милан и Викторија Плзен, а беа поразени во двата дуели со Барселона.

о7
Zombinho