Италија во полуфинале, пенал проклетството продолжи за Англија

Day 1,678, 15:03 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Четирикратниот светски првак Италија е последниот четвртфиналист на Евро 2012 по вечерашната победа на пенали со 4-2 против Англија и сосема заслужено се најдоа меѓу најдобрите четири селекции на Стариот континент. Италијанците со триумфот закажаа митско полуфинале со Германија во четврток во битка за финалето во Киев.

Италија сосема заслужено се најде меѓу најдобрите четири селекции откако за два часа игра диктираше темпо на мечот, упати неверојатни 30 удари кон голот на Џо Харт. Италија во свој стил стигна во полуфинале, преку пенали, иако Англичаните беа тие кои играа на рулетот за да се најдат меѓу четирите.

Откако започна "пенал рулетот" прв погоди Балотели, иако Харт му ја прочита намерата топката сепак се најде во мрежата.По него Џерард беше сигурен реализатор.Следеше Монтоливо кој не го погоди голот а Руни со добар удар на левата страна го надмудри Буфон. Така Англија беше во подобра положба, но за краток се свртија работите откако Јанг и Ешли Кол промашија за Англичаните а Италјанците преку Ночерино и Дијаманти отидоа во заслуженото за нив полуфинале прво после 6 години.

о7
Zombinho