Кандидати и Блокатори [РП]

Day 1,678, 03:14 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney


Добар ден еМакедонци!
Ве известуваме кои се нашите официјални кандидати и начинот на работа со блокатори за кој сметаме дека секоја сериозна партија би требало да го применува.

Републиканската Партија од поодамна планираше да го направи овој систем со таканаречени Блокатори за време на конгресменските избори од повеќе причини, тоа се:
- фокусирање на гласовите само кон избраните кандидати
- да се избегне некоја штета која би можела да биде предизвикана од некој грк или забеган играч ако се протне во конгресот со купени гласови или гласови од мултиња, со што се затвараат кандидатските места

На овој начин се кандидираат само сигурни и проверени играчи кои ја имаат поддршката од партијата. Доста веќе грешки се направени , време е сериозно да се сфати конгресот и да се работи на него, а не како досега да се третира само како место каде ботови пуштаат закони и одобруваат државјанства, сепак таа функција во погрешни раце доведе и до одобрување државјанство на гркот, а такви грешки не треба да се случуваат.

Значи доколку ја поддржувате Републиканската Партија и сакате да гласате за нашите кандидати ќе ве замолам да ги гласате само Официјалните кандидати, а тоа се:

Источна Македонија
-Kevin09
-angelkooo
-Taso Bombata

Повардарие
-HustlerTV
-Jozevski Miki
-Plainswalker

Западна Македонија
-MitkoD
-Dugalic

Егејска Македонија
-kamendoliev98
-Stojcev Ljupce

Значи НЕ гласајте за останатите кандидати тие служат како Блокатори, гласајте само за горенаведените Официјални Кандидати на Републиканската Партија!

За да не се збуните, утре на денот на изборите кандидатите ќе носат аватари на кои ќе пишува Официјален кандидат, а Блокаторите ќе носат аватар Блокатор за да знаете дека не треба да гласате за нив.

Да живее еМакедонија!
Да живее Републиканската Партија!

о/