Шпанија моќно, Франција најслабо досега

Day 1,677, 15:46 Published in North Macedonia Armenia by Zombinho

Шпанија полесно од очекуваното им се придружи на Португалија и Германија во полуфиналето совладувајки ја Франција со 2:0 со двата гола на Чаби Алонсо во 19 минута и за убав завршеток во 90 од сепак можеби престрого досудениот пенал.

Чаби Алонсо со двата гола заслужено го доби приматот "Човек на натпреварот" разубавувајки му го јубилејниот 100 ти настап за Шпанија водејки ја во многу посакуваното полуфинале.
Сега Шпанците во следното коло играат со Португалија кои и тоа како не се за потценување откако видовме што може да направи Роналдо, а утре се игра можеби најинтересниот натпревар во ова коло Италија-Англија.
И двете многу слични репрезентации со не така сличен стил на игра, Италија прикажува многу поофанзивен фудбал на европсково од што сме навикнале да гледаме а на Англија им се врати 'Талисманот" Руни кој може да биде многу значаен за нив.

Разврската ќе ја добиеме утре во 20,45.

о7
Zombinho