Нови Промени [НАЈПРОСТО ОБЈАСНЕТО]

Day 1,665, 09:26 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

Значи видов досега 10 статии дека има промени и сите статии се исти само кажуваат како се поделени дивизиите и дека требало реорганизација на војската блабла ... ооок сфативме дивизиите се вака

1 Дивизија - од 0 левел до 24 левел
2 Дивизија - од 25 левел до 29 левел
3 Дивизија - од 30 левел до 36 левел
4 Дивизија - над 37 левел


Ајде сега останатиот дел од промената да ви ја објаснам бидејќи не видов никој да ја каже.

Секоја битка како и претходно победник е оној кој прв ќе стигне до 1800 поени меѓутоа сега во секоја битка има 4 битки односно секоја дивизија си има своја битка и секако победува онаа дивизија која прва ќе собере 1800 поени.

сега битките ќе изгледаат вака


На самата слика можете да видите дека секоја дивизија носи одреден број на поени кои се собираат и кој има најмногу на крај од кампањата победува, а поените изгледаат вака:

1 Дивизија - 1 поен
2 Дивизија - 2 поени
3 Дивизија - 3 поени
4 Дивизија - 5 поени


Тоа се Кампањски поени, а победник е оној кој ќе собере вкупно 83 поени.

Можете да приметите дека веќе нема ѕвездички над инфлуенц линијата бидејќи веќе нема битки односно рунди и не е како претходно кој ќе освои 8 битки тој победува туку сега кој прв ќе собере 83 поени.

Значи сега е покомплицирано и МоД тимот сега треба да организираат 4 дивизии за 4 битки истовремено и за да победиме мора сега да бидеме уште поорганизирани.

А и заборавив да пишам иако најверојатно досега приметивте дека сега 1клик=1убиство. Ако претходно требаше пример 3 пати да се кликне и да се потроши 30здравје за да се направи убиство сега е потребно 1клик и автоматски зема 30здравје што според мене е подобро наместо ако имаш пример 400здравје и да кликаш 40пати,а отприлика правиш 13убиства сега се потребни 13клика 😃

Сега Прцање за БХ може да се прави само во својата дивизија 🙂
Значи во сите 4 дивизии тој со најмногу инфлуенц ќе земе БХ само зависно која дивизија е толку голд ќе добие од медалот, и тоа:
1 Дивизија - 2 голд
2 Дивизија - 3 голд
3 Дивизија - 4 голд
4 Дивизија - 5 голд