Криза во Грција

Day 1,659, 03:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Zhonga
Грција не се чувствува добро. Еден од четворица мажи и една од три жени се соочуваат со напади на депресија. Додека продолжува сомелувачката економска криза која ги уништува нервите на луѓето, расте бројот на самоубиства и психосоматски заболувања, пренесува „Мидикал прес“.



Во април, 77-годишен пензионер кој во прошталното писмо напишал дека не може повеќе да издржи, отишол на плоштадот во центарот на Атина и си испукал куршум во глава.

Додека политичарите и економистите се расправаат околу тоа како да ја извлечат Грција од должничкиот лавиринт, кој ја кутна на коленици економијата на земјата, нема сомнение дека кризата- која уште еднаш и се заканува на земјата дека ќе ја исфрли од еврозоната и ќе ја отфрли кон непозната иднина- ја зема уништувачката цена врз менталното здравје на луѓето.

Соочувањето со зголемената итност од здравствена заштита е факт дека способноста на земјата да се справи со кризата доведе до длабока ерозија од мерките за штедење и од скратените буџети за препишување лекови за пациентите.

Со други зборови, ако сте склони на нервен слом, Грција не е најдоброто место каде треба да бидете.

-Моите пациенти се видливо на работ и под стрес, вели Димитри, остеопат во Атина кој има различна клиентела. - Нивните примања опаѓаат. Нивните секојдневни врски висат на самиот раб. Оние кои имаат работа се плашат да не ја загубат, и покажуваат видливи знаци на мускулотелесни тензии.

Тој додава дека пред кризата навистина да остане, половината од пациентте доаѓале на прегледи за „фино подесување“ или заради минорни нелагодности. - Сега повеќемината доаѓаат во состојби на акутни кризи. Нивните ’рбети се вкочанети, па дури и не можат да одат.

За Димитри нема сомнение за причините на оваа матрица: безизгледноста од должничката криза, која ја втурна Грција во длабока рецесија, ја разнебити сттатистиката за вработувања и и им ги извади цревата на социјалните услуги.

Тој вели дека човековото тело ги апсорбитра сите овие шокови како федер.

- Моите паценти често не знаат зошто се во болки, или не можат да се движат, и ми кажуваат дека не подигнувале ништо тешко, вели тој. - И потоа додека разговараме за време на прегледите, дознавам дека се плашат да не ја загубат работата, или дека платата на синот или ќерката е скратена на половина, или дека не можат да ја платат станарината.


Нема шанса да се задржи макар и трошка дигнитет

Додека властите лекот го бараат во нови мерки за штедење и се обидуваат да го сопрат понатамошното деградирање од страна на кредитните агенции, мерливото влијание од кризата се случува внатре во главите на грците.

Дури и ако новите избори закажани за подоцна овој месец, заради неуспевањето по изборите од 6 мај да се состави нова влада, со обратниот курс и отфрлањето на европскиот пакет за штедење, Грција сигурно ита кон поголема мизерија пред нештата да станат поподносливи.

Бројките од миинатата година се отрезнувачки.

Во првата половина од 2011 година, повеќе од една година откако економијата почна драматично да опаѓа, бројот на самоубиства во Грција порансаа за 40 проценти во однос на претходната година. Скоро секој ден медиумите известуваат за некој кој си ставил крај на се, заради финансиски тешкотии.

Старецот кој се уби на 4 април насред плоштадот Синтагма - место на многу страствени демонстрации против мерките за штедење - јасно опишувајќи ја својата несреќа заради кризата.

-Не глеам никаков друг начин да се задржи макар и трошка дигнитет и да го завршам мојот живот без да роварам по кантите за смет, напиша човекот во прошталната белешка. Болен од рак и живеејќи сам, тој ја обвини државата која му го скрати третманот откако пензиите беа намалени, и ја спореди владата на власт со онаа која беше поставена од нацистите во 1941.

Судбината на овој човек изгледа уште пошокантна во култура каде нашироко е прифатено дека семејството може и ќе ја прифати грижата кога државата не успева во тоа. Сепак, треба да земеме во предвид некои од овие бројки. Грција, како и повеќето југоисточни европски земји, имаше значајно понизок степен на самоубиства во споредба со северните европски држави. Во 2009, пред кризата, стапката на самоубиства беше тројца на секои 100,000 жители, што беше за една третина пониска од европскиот просек.

Но, не може да се негира фактот дека Грција оди удолу.

Според статистиката на министерството за здравство, една четвртина од мажите и една третина од жените се во депресија, што е двојно повеќе од европскиот просек за мажи, и скоро двојно повеќе за жени. Повиците кон телефонските линии за ментално здравје исто така за двапати се зголемија во првите шест месеци од 2011, во споредба со една година претходно.

- Повеќе не спијам, вели Петрос, кој - видно засрамен од неговата ситуација - побара неговот име да биде сменето.

Петрос е увозник и извозник на мебел со неколку продавници во Атина, и вели дека минатиот месец бил присилен да отпушти повеќемина работници, што се случува за првпат од почетокот на неговиот семеен бизнис. - И ќе ги намалам платите на оние кои останаа, рече тој, а неговиот глас трепереше од емоции. - Навистина се прашувам како луѓето ќе преживеат по ова лето, кога повќето компании веќе го прават истото, додаде тој со подигнати веѓи.

Состојба на војна

Кризата не ги прави Грците само болни, туку за нив е се потешко да добијат и третман. Мерките за штедење од 2009 наваму, го скратија националниот буџет за здравство за катастрофални 25 проценти.

- Ова е состојба на војна, вели Јоргос Калиабецос, шеф на клиниката за патологија во болницата во Волос, во централна Грција.

Платите на лекарите се скратени за една четвртина. На службите за безбедност во болниците повеќе воопшто и не им се плаќа. Сестрите се преплашени, и често е недостасуваат медицински материјали. - Мојата служба треба да згрижи 45 пациенти во 35 кревети, нагласува Калиабецос.

Откако неосигурените се оставени самите на себе, мнозина сега размислуваат за очајни стратегии.

- Имаме се повеќе и повеќе пациенти кои измислуваат итни ситуации за да бидат испитани затоа што немаат пари за редовни консултации, објаснува Меропи Мантеу, специјалнист за белодробни заболувања во огромната атинска болница Сотириа. - Некако успеваме да им помогнеме на најсиромашните пациенти кои се протнувваат низ безбедносната мрежа, но уште колку долго тоа ќе трае?

Зголемената сиромаштија придонесе за порастот на болести кај сиромашните, посебно од туберколоза.

И менталната слика не е помалку катастрофална. Неколку најголеми психијатриски установи едноставно беа затворени. Една третина од програмите за помош на зависници исто се затворени, што води кон нов бран од ХИВ инфекции.

Алексис е 46-годишен новинар кој беше лекуван од 2006 во Окана, асоцијација која целосно зависи од Министерството за здравство во третмани за замена на уличните дроги. Чекал четири години да влезе во програмата и се израдувал. - Повеќето луѓе кои се пријавија да влезат во програмата беа веќе мртви пред Окана да им се јави, вели тој.

Кризата исто предизвика ширење на ново улично зло, наречено „сиса“. создадено од метамфетамини оваа дрога е петпати поевтина од хероинот, но ефектите од неа се уште пострашни: поцрнета кожа, отоци по целото тело, ултранасилно однесување. - Еден зависник избодел друг со нож, еден од моите пациенти, се сеќава псигијатарот Емилиос Кацулакос. - Не постои замена за сиса која можеме да ја препишеме.

Чудно, но економскиот пад изгледа дека има само едно освестувачко влијание: пад во алкохолизмот. Но, новите даноци на алкохолот прават и „потопувањето на тагата“ да стане прескапо, пренесува „Мидикал прес“.



За Шаут
Криза во Грција
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2052321/1/20