[Иван ЉуБчо Црвенковски] Кандидатура за претседател на еВМРО-ДПеМНЕ

Day 1,658, 12:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Битола гаду мој, јас сум тука дојден со пичина...

кратко после скандалот што се случи во ОеМ решив повторно да се активирам во политикантскиот живот на еМакедонија.

- Имено, јас како закоравен десничар, и следбеник на идеологијата на исконското ВМРО, а вооедно и основоположник на масонската ложа на Али Баба Ное и 40-те АрАмии, или како што покојниот Ѓорѓи Абаџиев нагалено сакаше да не вика „АрАмиско Гнездо“, сум згрозен од лошото раководење и популизмот на оваа ненародна власт која го има запоседнато врвот на партијата еВМРО ДПеМНЕ.

- Затоа јас решив, при полна свест и разум и амин од папата, да им застанат на патот и да го спречам нивниот јуриш на НБРМ бидејќи нивното мото е „Туѓото го сакаме, своето не го даваме“, но нашето мото е „Свои на своето, НБРМ=една љубов, еден живот“!

ТАКА ЛИ Е?!?

ТАКА ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!

- Јас, Иван ЉуБчо Црвенковски ака Робин Худ, родум од село Медарево, општина
Златинци, со постојано живеалиште во Шервудската шума и привремен престој на ул. БихаЌка, ја барам вашата поддршка да им кажеме ДОСТА! Доста беа лаги и измами, народот не пие грчка нафта!



- Затоа, на 15-ти Јуни, овој народ ќе прогласи, ќе обзнани една нова победа...ПОБЕДА ЗА еМАКЕДОНИЈА!!!

- Порака, сега и од мене, не само од вас, до Груевски, БИДИ БАРЕМ ЕДНАШ ОДГОВОРЕН ПРЕД СОПСТВЕНИОТ НАРОД, не дозволувај гневот и револтот на граѓаните на еМакедонија да се излее по улиците!

- АЈДЕ ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!!! Дајте му шанса на народот да ја смени оваа ненародна власт!

Господине Никола Груевски Македонец, јавно ве повикувам на ДУЕЛ, покажете дека не сте алергичен на ДУЕЛ!


Притоа ви поставувам 5 (со букви пет) услови како би имале фер и демократски избори!

1. Под итно деблокирање на банираните организации и сметки на Љ1 тељевизија, како би можеле ДУЕЛОТ да го имаме на наш терен!

2. Подобрување на условите на Велија во неговата келија! Да му дадете можност да си отвори една пиљара во КПУ Шутка и од таму да си продолжи со своите дејности согласно неговата девиза „Ситна роба, дучанчина...“!

3. Под итно ослободување на Хеди, кој е присилно киднапиран и држен во подрумските простории на вашиот истакнат член Бандини ака МДИ!

4. Амнестија за сите АрАмии и загарантирано место во еМакедонскиот парљамент!

5. Јавно извинување на Пацерите за сите навреди и клевети кои беа изнесени во изминатиот период врз чесните АрАмиски функционери!

6. И под број шест, реков 5 али јбг ни се може, бараме од Шмеќи и Републиканците да признаат дека АрАмиите им се идоли и дека чуваат постер од АрМакедон во своите соби 😛

- За крај, доколку не се сложите со горенаведените услови и не излезете на ДУЕЛ со мене, ќе бидеме приморани да пристапиме кон известување на соросоидите какви гнасотии правите на оваа наша напатена еМакедонија!

ЗАКОНОТ ТОА СМЕ НИЕ! НБРМ=ЕДНА ЉУБОВ ЕДЕН ЖИВОТ!
ПОСЛЕ НАС, ПОТОП!

Ваш,
Иван ЉуБчо Црвенковски, лидер на реформистичката фракција во еВМРО ДПеМНЕ!

пс: Сите сличности со личности од СЖ се сосема случајни, освен оние кои не се...

Сите ве обичам 😘**