Никола Груевски Македонец ја има нашата поддршка!

Day 1,657, 09:01 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney




Од изборот за кандидати за иден Претседател на нашата едржава во следниот период, Републиканската Партија одлучи да го поддржи токму Никола Груевски Македонец бидејќи смета дека е најдобриот избор за претстојните избори.

Дел од играчите се против него односно не се против него туку против тоа што неговиот ник ги асоцира во РЖ. Доколку тоа не е така ќе ги замолам да ми кажат една причина зошто да не се гласа за него односно една лоша работа нека кажат за него, не за никот на кој ве асоцира туку за него лично. Искрено ги жалам тие играчи што неможат да ја исклучат реалност и да ја играат играва од забава ама тоа е многу играчи се дојдени за лечење на лични фрустрации и комплекси отколку да се забавуваат.

Да се вратам на темата, го поддружуваме бидејќи е човек кој си стои на зборот, а малкумина ги има такви како во РЖ така и во играва, човек кој постојано им помага на играчите, човек со свое мислење, со свој став.
Сум комуницирал со него преку пораки и на чат имам забележано дека е човек на место, културен, сталожен, ненаметлив, човек со кој лесно може да се комуницира, дали лично како разговор меѓу играчи или како помеѓу претседатели на партии.

Друго поради кое го поддржуваме се неговите добри идеи какви што не забележавме кај останатите кандидати во нивните кандидатури, како што се:

- BOMBS AND ROCKETS - Како и за базука тимот, така и за ова ќе се делат тенкови со цел пукање на бомбите и ракетите само по потреба.
Ќе се отвори чет канал и за секоја испукана бомба ќе бидат поделени 300 тенка, а за секоја испукана ракета ќе бидат поделени 80 тенка.


★Одлична идеа која може да резултира како причина поради која некои клучни битки ќе се добијат, а доброто е што може да се искористи и за најмување странци кои собрале од новите ракети и бомби на плато.

- Обединета Македонска дијаспора - целта на оваа иновација е сите Македонци што имаат друго државјанство, својот значителен придонес кога и е најпотребно на Македонија да не го даваат за други земји, туку да се собираат на чет и секако со доделување на тенкови, нивниот инфлуенс да се искористи за Македонија, само тогаш кога тоа ќе биде потребно!

★Многу наши играчи имаат странски државјанства и покрај обидите на претходните влади и апели да се вратат во еМакедонија нивниот број да се намали дури мислам дека се зголеми така да ова е добро решение.



Никола Груевски Македонец ја има нашата поддршка!