ФАЛАНГА

Day 1,648, 01:16 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII


Мои браќа и сестри Македонци,

За прв пат пишувам во овој стил не само поради една обична причина туку многу повеќе и поголеми причини.
Како што веќе знаете 3 месеци по ред сум дел од Министерството за Одбрана на еМакедонија. Поради тоа не многу големо искуство но сепак доволно за да се согледа настојувањето на се поголем број на Македонци за помош во координацијата на силите како и нивно поголемо активирање во одбрана на еМакедонија...што навистина многу ме радува, а воедно и ме држи со желба и понатаму да се трудам и да дадам се од себе во однос на одговорностите кои ги пружа ова министерство!

Една од најголемите причини се случи токму утрово околу 1 часот по полноќ кога и се решив заедно со нашиот сегашен претседател El_Che да се организира одбрана односно познат под името УДАР - кој замислете траеше нешто повеќе од 2 часа...
Во истиот на почетокот броевме околу 100 Македонски војници..број кој ја покажува желбата и упорноста на многумина во оваа игра да се дојде до целта која сите ние добро ја знаеме.
Што се случи...
По цели два часа чекање и нормално дружење на истиот канал ја пратевме битката во Повардарие, она што најмногу ме изненади е тоа што на истиот канал каде бевме збрани останаа 50тина ( со канопи 60 😛 ) кои го прежалија својот сон заедно со нетрпението помеѓу некои поединци 😛 ..останаа трпеливо да ја чекаат својата команда на истиот канал. Неблагодарно е да се споменуваат имиња кон другите кои не беа присутни..нормално поради РЛ обврски познати како работни задачи а и нормално школски 🙂
Исходот...сите го знаеме веќе, а тоа е 3 мини битки добиени!!!

Секоја чест за сите нив и од срце им БЛАГОДАРАМ!! o>

Она што посебно сакам да го истакнам во оваа статија е сето она што треба да се случува за време на еден удар.
Сите сме свесни од која важна улога е времето во кое трае самиот удар, освен тоа што на тој начин заработувате рефунд од своите матични единици...МОРА да бидете свесни и дека заработувате РЕСУРС за вашата држава во која живеете.
Сакам да апелирам до сите играчи во иднина да го посетувате каналот каде ќе се издаваат заеднички наредби со цел да се даде максимум во дадени битки и во дадено време...оти тоа е од најголема важност за нашиот ЗАЕДНИЧКИ успех односно рефунд!!!

Да не должам многу де не рече некој премногу ја тупам а и стварно не сакам да станам филозоф од калибарот на Воикс 🙂...мене повеќе ми прилега да се гледаме почесто на удар каналите и да го дадеме својот максимум во битките кои следуваат.

СИТЕ ВЕ САКАМ вакви какви што сте и како такви да ми останете o>



За МАКЕДОНИЈА со срце!!!