Апел до Републиканците и сите еМакедонци

Day 1,645, 23:56 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

Драги Републиканци и сите еМакедонци

Не си го продавајте достоинството за неколку тенкови за време на конгресменски избори бидејќи тие што ви ги праќаат воопшто не им е гајле за вас, за вашите интереси, идеи. Нивната цел е само лично задоволство, бројот на гласови, на медали, некоја функција во “влада“, за да си го дигнат виртуелно его мислејќи дека се некој и нешто во играва.

Поради таквите купувачи на членови и секако да не ги заборавам мултињата моментално не сме во топ5 ама не се обесхрабрувајте повторно ќе биде како што сме биле и претходно бидејќи знаете дека ова е единствената партија која има визија, идеи, ставови и работела и се водела според тие. Партија која не го купува членството со своите тенкови туку со своето знаење и искуство во играва.
Партија која се залагала за помош на цивилите, ебебињата и послабите играчи и на кои им помагала и ќе помага без оглед дали се членови или не на партијата.

Не се разочарувајте поради нашиот пад, секоја партија си има свои успони и падови, а ова и нашиот прв пад секако поради премногуте РЖ обврски кои ги имаат раководството на партијата и недоволното слободно време за активирање, таков период ни дојде 🙂

Го упатувам овој апел до вас бидејќи знам дека на многу од вас ви стигаат пораки да се префрлите во друга партија и ви нудат тенкови, еве што да направите:
- префрлете се во партијата
- земете им ги тенковите
- вратете се пак во Републиканската Партија
- направете принтскрин од пораката и донацијата
- пратете го принтскринот кај мене во порака и добијте онолку тенкови колку што сте им успеале да им соберете 🙂

Само на овој начин и заедно ќе можеме да кажеме СТОП, членството не се Купува, членството се Добива.
Они секако дека потврдуваат според моменталната ситуација дека членството може да се купи ама до кога?
Додека има тенкови? Не, додека народот не се освести и да каже член сум во таа партија затоа што сметам дека ја заслужува мојата поддршка, а не пред избори кој ќе ми прати тенкови.
Доколку е работата за тенкови не е проблем пишете ми порака, многу можат да потврдат дека одсекогаш сум помагал и донирал на многу играчи без никаква цел освен таа да се помогне.
Не дозволувајте да ве купуваат и да ве играат како пиони, знам дека не сте тоа, а вие и треба тоа да го докажете.