Дали е потребна помош?

Day 1,632, 04:22 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Како што сите знаете овие денови има повторна можност за надградување на тренинг центрите. Во разговор со некои наши соиграчи , слушнав различни ставови кои се однесуваат на едно исто прашање.

Прашањето е , дали треба државата да помогне на нашите играчи со донации во голд , со единствена цел , подигање на тренинг центрите?

Едната страна смета дека тоа е одличен предлог, дека на тој нашин долгорочно гледано ќе се добие помоќна армија ( донацијата на голд би одела со препорака на командирите за да не се случи донирање на неактивни и мулти акаунти)

Другите сметаат дека не треба да се донира, затоа што никој не може да гарантира дека играчите на кои ќе се донира ќе останат во играта и дека ќе помагаат на Макеодонија.

Мојот личен став е дека треба да им се помогне на сите оние кои немаат можност сами да направат надградување.
НАПОМЕНА: Јас ги имам сите центри на Q3 и немам потреба од голд( да не помисли некој дека од лична корист барам да им се помогне на соиграчите

Кој е вашиот став и вашето мислење?