Игрите Продолжуваат...

Day 1,629, 05:34 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

Почнав да пишувам во шаут и сфатив дека е премногу долго и решив да префрлам во статија.

Вака, целта ми е да ја разбијам монотонијата и досадата која е присутна на ереп и од која многу играчи се жалат и кукаат, а не прават ништо во врска со тоа да си направат да им биде поинтересно.

Затоа решив да организирам рандом игри на среќа од интересни до најбанални и глупи 🙂 и секако со додатна мотивација (голд, мкд , тенкови).
Кој сака нека игра од занимација кој од мотивација. 🙂


Планирав првично да ги правам по шаутови ама сеа откако размислив уште некои 10секунди повеќе ми текна во иднина да правам и некои подолги и пошашави ама крајно интересни игри за кои ќе биде потребна и статија и затоа ќе почнам вака па ќе видиме зависно од мојата креативност и ваша заинтересираност до кај ќе стигнеме 🙂

Почнуваме, со среќа



Игра бр.1
Коментирај и Добиј!

Награда: 1голд
Правила: Добитник на наградата е оној чиј коментар е 73 по ред меѓутоа вашите коментари несмеат да се повторуваат односно без спамање. Доколку сте напишале коментар несмеете да напишете друг одма после него мора од некој друг играч да има коментар па потоа да напишете. Доколку некој го игнорира ова правила неговите коментари ќе бидат избришани и ќе биде дисквалификуван.

Линк од шаутот каде треба да пишувате:http://www.erepublik.com/en?viewPost=5369693

Нека победи најсреќниот по ред пишувач. 🙂

Доколку сакате да учествувате во овие рандом среќни игри додадете ме за пријател и бидете во тек ќе има и други поинтересни.

оваа игра заврши победник е Бубо(МагиМастер)




Игра бр.2
Погоди и Добиј!

Награда: 30к6 тенкови
Правила: Си замислив број од 1 до 100, пишувате тука во статија и погодувате. 😃 Секој има 5шанси да погоди.

играта е завршена, победник е Евентс.





Игра бр. 3
Прати и Добиј!

Награда: 200 к5 лебови и 10 к6 тенкови
Правила: Оној кој во коментар ќе остави линк од некои клипче како да зафркнеш некој, некоја заебанција што е изводлива и што ќе можам да ја искористам (интересно да е, не некоја за наштетување некому) 🙂
Победник е оној чие видео е најдобро.

Победник е кико105