Мис еМакедонија - ГЛАСАЊЕ!

Day 1,616, 13:53 Published in North Macedonia Serbia by North Tiger


Поздрав еМакедонци

Добра вест за сите вас нестрпливи кои ме масиравте во инбокс и на чат да ви дадам leaked pictures. Денес гласаме за Мис еМакедонија! Искрено имаше слаб одзив од нашиве еМакедонки ама тие што решија да се кандидираат се навистина убавици.
Девојките пред се испратија нивни слики за да докажат дека и они, и те како се способни да играат стратешко-економски игри како оваа. Не само машките. Наградата не е единствениот мотиватор.

Награда:
-За првопласираната: 14.000 МКД и 8 Gold.
-За второпласираната: 3000 МКД
-За третопласираната: 2000 МКД

„Спонзорите“ се запишани во претходната статија, некои од нив директно ќе ги пратат парите и голдот директно на победничката.

Како гласаме?

-Во коментар пишете само реден број од кандидатката за која го давате вашиот глас или евентуално името. Ништо повеќе. (За да оди полесно пребројувањето на гласови) (Ако сакате да пишете „леле што се убави“ и слично, пишете во нов коментар)
-Право на глас: Само еМакедонци со македонско CS. (Ќе се напраи исклучок за дијаспората, но гласот на странците нема да се брои)

Гласањето трае 48 часа од објавувањето на статијата.




Идеме:

1) Glaudius Maximus

Моето име е Alexandra Alexis, имам 20 години, и сум студентка од Скопје. За Erepublik слушнав пред 2 години на TV и од тогаш сум страствен играч. Имав неколку профили но сите ми беа банирани поради мулти а овој го играм веќе 2 месеци. (Се надевам нема да се повтори истата грешка и со овој) Поздрав 🙂


Слика 2 Слика 3 Слика 4 Слика 5 Слика 6 Слика 7 Слика 8 Слика 9


2) Aliss Wonder

Здраво еРепубликанци !
Се викам Весна, имам 24 годинки, паланчанка, иден надежен хидроинжињер итн итн....
Ерепаблик играм од 23ти Фебруари 2011 год, најголем кривец за постоењето на мојата еЛичност тука е моето драго другарче перо марачков кому сум му неизмерно благодарна поради тоа... Уживам во играва, трошам голем дел од денот на чатот меѓутоа најсреќна сум кога сите тие луѓе ги запознавам надвор од чат каналите во вистинскиот живот. За добрите секогаш добра, за лошите злобна,си ја сакам мојата татковина и не знам што друго да пишам... На изборов се пријавив само за да им покажам на момциве дека нас девојките во играва не има во поголем број отколку што мислат тие и секако да го направам изборот поинтересен 🙂


Слика 2


3) Lidija MK

Имам 17 год (18ката е се поблиску :Р), од Градот под Исарот сум.. Учам информатика, сакам програмирање.. Многу читам книги, пишувам .. Гледам Формула1 & навивам за Манчестер Јунајтед ! 🙂


Слика 2 Слика 3 Слика 4 Слика 5


4) Кандидатката побара да биде тргната од изборот 🙁


5) macedonia4ever123

Се викам Стефанија, имам 14 години и играм одбојка, За играва видов на интернет и не сакам да давам подетални информации. ОК. 🙂


Слика 2


6) ArenaMK

Ме викаат Lucy, со еРепублик име ArenaMK, имам 18 години, матурантка во средно медицинско и сум од Скопје. Редовно играм еРепублик веќе година дена сум горда еМакедонка, членка и заменик командатка на DBK Elite 🙂 Поздрав до сите и се надевам дека преку овој избор ќе стекнам повеќе пријателства и познанства 🙂


Слика 2 Слика 3 Слика 4


7) Anajlib Macedonia

Се викам Николовска Билјана имам 23 години од Скопје сум веќе година дена играм ерепублик, ја сакам играта,почнав да ја играм преку Ivan Vancho Makedonski кога се појави на тв го познавам него како и неколкумина кои играат и што е најважно многу си ја сакам Македонија. Студирам новинарство и се надевам дека штом завршам ќе бидам една од оние кои ќе им ја затнуваат устата на нашите новинари кои си плукаат по своето без размислување, какао и на сите други кои се против нас . Повеќемина ме познаваат по мојот псевдоним АнајлиБ.

Слика 2 Слика 3 Слика 4


8 ) Malinov93

Јас сум Наташа од Скопје. Учам во музичко . Имам 18 години. Многу сакам животни и сакам во животот некогаш да имам малтезер и да возам мини купер. Хоби ми се тенисот, пеењето и Naluteniot 😉


Слика 2 Слика 3 Слика 4





Нашиот избор за Мис малку касни во однос на изборот за Мис во другите земји ама искрено која и да биде Мисица кај нас, ќе биде надалеку поубава од сите нив.
🙂

За шаут:
Мис еМакедонија - ГЛАСАЊЕ
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2017752/1/20