Што е љубов!!!

Day 1,605, 01:44 Published in Serbia Chile by Ivankot

Матичарот: Дали вие, Блажо ја земате за жена Мара?
Блажо (прави ретроспектива од досегашниот живот):

32 години, легнал со две жени, бил на две журки, на една од тие останал и после полноќ, вкупно има испиено една гајба пиво во целиот живот... Може и подобро е да не се женам, да си поживеам уште малку... Но, незнам да готвам, да перам, пеглам, смотан сум, грд сум, никој нема да ме сака ваков, а и оваа едвај се согласи на овој чин... Ќе речам Да... - ДА!

Се слушнал голем аплауз од најблиските

Матичарот: Дали вие, Маро го земате за сопруг овде присутниот Блажо?

Мара (прави ретроспектива од досегашниот живот):
27 години, легнала со ... ни сама не знае со колку, има три пати заспано во Хард-рок, се качила на Хималаите откако со автостоп стигнала на Тибет, пола живот го има поминато на журки, дрога и секс... Рано ми е да се мажам, животот е толку добар кога ќе се живее хедонистички... Но, тој има пари, верен е, чесен, ако го испуштам ќе треба да се вратам во Конопиште, затоа што немам пари, а таму никогаш нема да се омажам... Ќе кажам да, па што биде нека биде... - ДА!

Еуфорија кај сватовите, честитки, сликање, бакнежи...

И тоа е најверојатно - Љубов!