Македонија ни е името

Day 1,604, 14:24 Published in North Macedonia North Macedonia by nikola 200
Подолго време сакам да напишам статија која што е поврзана за едно актуелно прашање, а тоа е нашето име. Како и во РЛ така и во овој виртуелен свет ние сме напишани под некоја си референца.

Плато по некоја си негова логика, но и приврзаност со нашите јужни соседи не пишал под референца. Можеби тој и самиот не ја знае добро историјата па да му напоменам дека Македонија постои уште пред моногу многу векови. Еден од најголемите императори Александар Македонски бил Македонец, најголемата империја во светот некогаш направена (ова било во времето на Александар Македонски) била Макеоднија. Многу други императори, кралеви, претседатели сакале да ја достигнат оваа слава но не успеале. Имепријата наречена Македонија била најголема и останала запаметна како најголема империја која се простирала од Европа преку Африка па се до крајот на Азија (и воедно патот кој го изодел и освоил Александар Македонски).

Ова се доволни факти но и да се пробуди патриотизмот кај сите нас со што би пробале да издејствуваме пишување на Македонија само под нашето уставно име Република Македонија без додавање на референци и додавки кој што не квалификуваат како да не сме Македонци.

Сигурен сум дека ова можеме заедно да го направиме. Можеме да се избориме за нашето свето име кое што гордо го носиме и зад кое гордо сме се бореле со векови и векови. За оваа Држава се проелае многу битки имало многу жртви но сите тие се бореле со лавовско срце. Се што треба е да направиме е да се бориме и ние со лавовско срце барем во еден виртуелен свет и да пробаме да бидеме напишани под името Република Македонија.

Мораме да се бориме за тоа што е наше за тоа што е свето.

За крај
Македонија ни е една мораме да ја браниме, да ја чуваме и да се бориме за тоа што е наше.

Македонија се сака со срце и се брани со срце. Сигурен сум дека можеме да го направиме тоа сите заедно.

Поздрав

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ