Забавни Вицови

Day 1,601, 13:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Filip Jordanov






ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО КАДЕ И ДА СИ!!!


Се решив втората статија да ја направам позабавна и да напишам неколку вицови за да се насмееме се надевам дека ке ви се допаднат.


Приемен испит за полицајци

На приемен испит за полицајци на тестирањето по математика се јавиле неколку кандидати. Имале да решат едноставна задача. Кој положил и како?



Кандидат број 1.

- Колку е 2+2?

- 4

- Примен.

Образложение: Паметен

Следен!

Кандидат број 2.

- Колку е 2+2?

- 5.

- КОЛКУ е 2+2?

- 3.

- КООООЛКУУУУ е 2+2?

- 4.

- Примен.

Образложение: снаодлив.

Следен!

Кандидат број 3.

- Колку е 2+2?

- 5.

- КОЛКУ е 2+2?

- 5.

- КОООЛКУУУ е 2+2?

- 5.

- Примен!

Образложение: Упорен

Следен!

Кандидат број 4.

- Колку е 2+2?

- 4.

- А да не е можеби 5?

- Да, 5.

- Примен!

Образложение: послушен.



Кога студентот добива 0 поени, а не дава ниту еден неточен одговор на тестот!!!

1. Во која битка умрел Наполеон?

- Во неговата последна.

2. Каде е потпишана Декларацијата за независност?

- На дното на страницата.

3. Која е главната причина за развод?

- Брак.

4. Што никогаш неможеш да изедеш за појадок?

- Ручекот и вечерата.

5. Што личи на половина јаболко?

- Другата половина.

6. Што ќе се случи ако фрлите црвен камен во сино море?

- Ќе стане мокар.

7. Како човек може да издржи 8 дена без спиење?

- Па тоа не е пробле, може да спие навечер.

8. Како можеш да кренеш слон со една рака?

- Не постои слон со една рака.

9. Што имаш, ако во левата рака стојат три јаболки и четри портокали, а во десната четри јаволки и три портокали?

- Имаш многу големи раце.

10. Ако на осум лица им требале десет часа за да изградат ѕид, колку време ќе им треба на четворица?

- Нема да им треба воопшто, ѕидот е веќе изграден

Трите нивоа на машка храброст.

1 ниво: Мажот си доаѓа дома подоцна од работа, жената го чека со метла на вратата.
Тој: „Ќе метеш или ќе леташ негде?“
2 ниво: Мажот си доаѓа од работа доцна во ноќта, жената лежи во креветот и се преправа дека спие. Мажот зема стол, седнува пред неа и ја гледа. Жената не издржува и го прашува: „Што правиш?“
Тој: „Кога ќе започне театарската претстава сакам да сум во првиот ред!“
3 ниво (црн појас): Мажот си доаѓа од работа рано наутро, весел, целиот во кармин и мирис на женски парфем. Жената во кујната, веќе доручкувала, нервозно му врти грб. Мажот оди до неа, ја удира по задникот и вели: „Ти си следната!“


Лоша жена
- Зошто ти е модро окото?
- Жена ми ме удри...
- Зошто?
- И се обратив со ТИ!
- И за тоа ли тепаат?
- Тепаат, тепаат... Си лежев јас на креветот, таа ме поттурна и ми вели: „ние одамна не сме имале секс“, а јас и велам: „Не ние, туку ТИ“.


Плавуша во пицерија
Плавуша оди во пицерија и си нарачува пица. Келнерот ја прашува:
- На колку парчиња сакате да биде исечена пицата, на 6 или 12?
Плавушата:
- На 6, 12 не можам да изедам.


Зошто пивото е подобро од жената?
- Пивото никогаш не добива главоболка
- Можеш да пиеш пиво со пријателите
- Не е потребно да даваш куп пари за едно пиво
- Можеш да уживаш во пивото секој ден од месецот
- Ладното пиво секогаш е убаво
- Секогаш си сигурен дека си прв кој го отвора пивото
- Можеш да пиеш повеќе од едно пиво без да се чувствуваш виновен
- Пивото не љубомори кога ќе си земеш друго пиво


Последен испит
Последен испит. Студент влегува половина час пред крајот на испитот и започнува да пишува. Испитот завршува. Студентот последен ја носи испитната тетратка. Професорот не сака да му ја прими. Студентот нервозно прашува:
- Вие знаете ли кој сум јас?
- Не и не ме интересира! – Одговара професорот.
- Добро – студентот набрзина ја става испитната тетратка во средината од купот со предадени тетратки и си излегува од салата.



Толку за сега да не ви дојдат многу се надевам дека ви се допаднаа очекувајте уште многу интересни работи.И секако за крај претплатете се и гласајте.