Како до РЕСУРСИ [Марко]

Day 1,600, 08:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Marko Risteski

Гледаќи по шаути како се жалите бидеќи немаме ресурси си реков ајде малку да земешам прсти па да објаснам неколку работи и да дадам некоја идеа.

Како прво сите се жалите дека немаме ресурси. Што е вистина вистина е веќе сме на долг пост и на некои веќе му скисна да бидеме на три или четири ресурси.

Во што е проблемот. Најпрво местоположбата ма Македонија е во многу тешка позиција. Видовте само што објавивме НЕ на Грците, Романија и Турција војуваа со Бугарија па Романија лесно дојде до граница со нас и добивме уште едно НЕ. Доколку се прошириме во Грција, Турците ќе ни лупнат НЕ. Хрватите исто така беа многу блиску доколку освоеја уште една територија во Албанија. Врти сучи Ѓорѓија од сите страни сардисан.

Што е и најинтересно во ЕДЕН сме ТРН во ОКО па кога имаме позначајна битка цел свет пука против нас. Гледано реално и со право, затоа што сме сила за респект, сложна нација и држава која го крена цел ОНЕ на нозе, па мора некако да ни вратат.

Единствена варијанта е доколку го преселиме главниот град. Ете тогаш само ќе може да уживаме во ресурси. Прашањето е каде да биде и на каде да се шириме.

Тоа ќе го оставам на нашата влада и мозоците што беа во Академијата да дадат предлози како Македонија може да поужива во ресурси.

Значи според мене единствена опција е главниот град да не биде во Оригиналните територии. Нив може да ги ослободиме накнадно како што беше во времето кога бевме во Египет.Затоа уклучувајте мозоците, фаќајте се за работа и ајде во поход Македонијо.

Напред Македонија

Ќе ве замолам само за VOTE и по некој шаут ако не ви е тешко 🙂