Што не научија Америчките филмови???

Day 1,585, 05:40 Published in North Macedonia Chile by Ivankot

ШТО НЕ НАУЧИЈА АМЕРИЧКИТЕ ФИЛМОВИ!



1. Кашлањето е знак за смртоносна болест.

2. Детектив може да го реши случајот само ако е суспендиран од должност.

3. Маж (особено ликот во главна улога) нема да покаже знаци на болка додека ги прима и најжестоките удари, ама се тресе додека жена пробува да му ги исчисти раните.

4. Едно чкорче е доволно да осветли соба од било која големина.

5. Секоја брава може за секунда да се отвори со кредитна картичка или спајалица - освен ако тоа не е врата од зграда во пламен зад која има заробено дете.

6. Човек кој пука во дваесет луѓе има повеќе шанси да ги убие, отколку истите тие дваесет луѓе кои пукаат во еден човек.



7. Кујните немаат прекинувач за светло. Кога ќе влезете во кујна навечер, треба само да ја отворите вратата од фрижидерот и да го користите тоа светло како замена.

8. Во борба (во која се применуваат боречки вештини) не е битно што имате голем број на противници - вашите непријатели стрпливо ќе причекаат и ќе ве напаѓаат еден по еден
играјќи наоколу во заканувачки став, се додека не ги соборите нивните претходници.

9. Мајките (или жените) секое утро подготвуваат јајца, сланина, палачинки и колачи за мажот и децата, иако тие никогаш немаат време да ги изедат.

10. Автомобили кои прават судар, скоро секогаш експлодираат во пламен.



11. Чесните и вредни полицајци по правило ги рануваат или убиваат три дена пред пензија.

12. Што повеќе маж и жена се мразат еден со друг на почетокот, толку е поголема веројатноста на крај да се заљубат.



13. Ако треба повторно да го наполните оружјето, секогаш ќе имате доволно муниција - дури и ако пред тоа не сте понеле.

14. Ако видите големо стакло, некој наскоро ќе биде исфрлен низ него.

15. Ако некој ве следи низ градот, можете да се скриете во парадата на Свети Патрик (која се одржува во секое доба од годината).

16. Ако решите да играте во дискотека или на игранка....сите ќе ги знаат чекорите и целата сала ќе игра во ритам.

17. Кога некој е онесвестен со удар по глава, се буди ко ништо да не било (без оштетување или потрес на мозокот).

18. Кога некој вози автомобил, нормално е да не го гледа патот туку личноста која седи покрај или зад него, за време на целото патување.

19. Ќе преживеете се што се случува, само доколку не направите грешка и ја покажете на некого фотографијата од вашите сакани.



20. Во моментот кога ќе уклучите телевизор, има вести на кои во истиот момент известуваат за случка за која сте вие засегнати.

21. Лесно е да се приземји прекуокеански авион ако има некој во контролната кула да ви дава упатства.

22. Во текот на било која полициска истрага, неопходно е бар еднаш да се посети стриптиз клуб.

23. Секогаш можете да паркирате непосредно пред зградата каде сте упатени.



24. Повеќето луѓе чуваат албум со исечоци од весници, особено ако некој нивен роднина или пријател загинал во необична несреќа.

25. Во Америка секој "dejt" завршува со faking.

26. Во Америка никој не се вози со подземна железница, освен ако бега од FBI или од психо-убиец.