Вицеви за подобар викенд !

Day 1,571, 07:29 Published in North Macedonia Poland by macedonia4ever123

Перица во продавница!


Отишол малиот Перица со татко му во дуќанче за да купат пиво. Кога стигнале Перица почнал да плаче за да му купи мастика. - Ајде татооооо купи ми мастикаааа!


Татко му има краток фитиљ, па му се налутил одма:

- Бегај бе таму мали каква мастика!

Но, Перица не се откажува и го влече за панталоните.

- Ама само 5 денари татоооооо

Па татко му попуштил и му купил мастика. Малиот Перица ја ставил во уста направил балон, но балонот му пукнал.

Татко му му врзал шамар и му рекол: Несреќо една, што и да ти купам – уништуваш!



Домашна!

На час. Учителката ги проверува домашните:
- Петар, зошто немаш домашно?
- Вчера си ја повредив раката.
- Седи, единица. А ти Марике?
- Дедо ми се разболе. - Седи, единица.
А ти Зоки Поки?
- Вчера брат ми се врати од затвор.
- Се обидуваш да ме уплашиш а? Седи двојка.



8 Март!

Ѕвони ѕвончето на вратата.Прекрасна млада девојка отвара.Надвор стои симпатичен дечко со букет во раката.
-Девојката:
-Ох,колку убаво изненадување за 8-ми март комшија!
-Младичот:
Всушност,може да го викнеш брат ти ?


Исус,папата и Чак Норис!

Исус, папата и Чак Норис се возеле во кајче. Исус излегува од кајчето и почнува да оди по водата додека не стигне до брегот. Чак Норис го прави истото. Се обидел и папата, ама потонал и морал да плива до брегот. Додека папата пливал Исус му вели на Чак Норис:
- Да му кажеме ли за камењата?
Чак Норис:
- Кои камења???

Итар Пејо и Попот!

Итар Пејо и попот одлучиле да проверат кој спиел со повеќе жени. Застанале во центарот на селото и се договориле кога ќе помине некоја жена со која некој од нив спиел, тој да рече „ЦК“. Стоеле долго време а резултатот бил изедначен. На крај, поминале сите жени од селото освен жената и ќерката на попот. Поминуваат двете и попот триумфално рекол „ЦК“. Итар Пејо: „ЦК, ЦК“.


Имајте убав викенд за сега толку од мене 🙂