Собир во Белград [НаТаму-Таму-НаВаму Заедно]

Day 1,541, 08:29 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd


Многу од вас сигурно веќе се информираа за регионалната собиранка која што ќе се случи на 03 март во Белград преку статијата на Ванчо напишана со цел на информирање на нашите граѓани и главната статија од Delikvent_zg


Е сега јас дојдов тука до уште една идеја како да се организираме за превоз а воедно да присуствуваме на уште еден голем настан кој ќе се случи во Белград истиот ден ,имено на 3 март во Белградска Арена се одржува добро познатиот концерт A STATE OF TRANCE на кои предводник е еден од најдобрите светски DJи Армин ван Бурен

Една наша скопска Т.А Тропикал врши организирано патување до Белград и назад со обезбедени карти за концертот ,повеќе инфо тука на настанот креиран на фејсбук

Тргањето е во 6 часот сабајле од Скопје а во Белград се стига околу 13 часот ,според статијата на Деликвент собиранката во Белград ќе се случи во 16 часот во белградската кафана Пинк Пантер повеќе инфо околу тоа во статијата на Ванчо

Додека A STATE OF TRANCE почнува во 20 часот во Белградската Арена ,значи имаме доволно време од минимум 5 часа дружење со сите играчи кои што ќе се соберат од соседните држави ,и потоа да тргнеме и да го искористиме остатокот од времето на добро журкање со DJ сетови од група одлични светски DJи
Сигурно тука ќе ни се придружат и многу Срби или Хрвати кои што истотака ќе имаат во план да ја продолжат забавата во Белградската Арена ,иако во кафаната веќе имаат испланирано да после 22 часот има жива музика

Јас сепак мислам дека 4-5 часа кафанско дружење со играчите е сосема доволно и дека сето тоа може да си го завршиме на крај со добро журкање во Белградската Арена
Што се однесува до враќањето назад планирано е(но не утврдено) да биде некаде после забавата или околу 4-5-6 часот

Значи кој е заинтересиран може да ме исконтактира да се договориме ,мене ова ми изгледа ок затоа што ќе добиеме организиран превоз со автобус да одиме сите заедно ,да присуствуваме на собиранката и плус на A STATE OF TRANCE забавата и да се вратиме заедно назад по многу пристапна цена
Можно е и кој сака да добие само превоз без карта за концертот ,бидејќи можеби не сите заинтересирани се љубители на таква музика ,така да дополнително може да се договориме околу се

На крај да сумирам за да бидеме јасни
Од Т.А Тропикал за 3.799 денари добиваме превоз до Белград и назад и карти за концертот
Тргаме на 3 март во 6 часот и пристигаме во Белград околу 13 часот

Подоцна од 16 часот одиме во кафаната Пинк Пантер каде што во друштво со останатите играчи и за цена од 22 евра добиваме предјадење ,јадење и неограничено пиење до 22 часот

Значи се правиме кршови у кафана и идеме на A STATE OF TRANCE таму се журкаме јако и после тоа сабајлето се качуваме во автобус за назад

Сето тоа за 5000 денари

Поздрав

Клик


Собир во Белград [НаТаму-Таму-НаВаму Заедно]
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1963749/1/20