Хомер и Македонците!

Day 1,523, 15:05 Published in Serbia Cuba by Popay The One

Интервју: Одисеј Белчевски, физичар, иселеник, лингвист
Одисеј Белчевски е физичар по образование, лингвист по вокација, Канаѓанец по судбина. Последните десеттинапетнаесет години покрај професионалниот ангажман во американска компанија за оптички комуникации во Торонто, работи и врз докажување на тезата дека т.н. Хомеров јазик всушност е македонски, односно сосема близок до словенските јазици. Наскоро ќе издаде две книги што ја обработуваат оваа тематика.
Можеbи сме недумо, ама не и недиш
Monday, 30. July 2007, 21:11:32

Која е појдовната точка на тезата дека јазикот од времето на Хомер е всушност денешниот македонски јазик?
Примарниот јазик и во Европа, па и насекаде во светот, е директно создаден од концептот за сфаќањето на природата.
Има и други научници кои го велат тоа, но не можат до крај да го докажат. Јас тоа го докажувам со материјал кој може да поднесе стручна проверка и кој дава потврден одговор на тоа што го прашувате.
Моите истражувања веќе ги систематизирам и наскоро ќе ги објавам во интегрална верзија.

Споменувате примарен јазик.
Кога тој се појавува?

Неговата старост се проценува на 100.000 години, за што зборува Џоана Николс од Беркли универзитетот.
Најблиски до него се сите словенските јазици.
Тие се најоргиналните јазици во Европа.
Кога ги нарекувам словенски, во тоа не гледам никаква политика.
Нормално, меѓу нив е современиот македонски јазик.
За многумина и лаици и професионалци, несфатливо е дека стариот, античкиот македонски јазик има врска со современиот македонски јазик!
Тоа не е за чудење, зашто овдешниве експерти немаат соодветна научна литература и извори со лексика и граматика.

Има ли пишани извори за поткрепа на тоа тврдење?

Пишани извори има, но тие треба критички да се користат.
На пр. Оструц, германски учен, во 1808 годна издава книга врз која подоцна се базираат многу други германски научници.
Иако книгата е ретка, сепак успеав да го најдам оригиналното издание.
Тој зборува за македонскиот дијалект во античка Александрија, значи за тогашниот македонскиот јазик.
Се работи за вредно дело од кое може да се црпи материјал за етимологијата на современата лексика.

Неговата книга е значајна, зашто во подоцнежните стосто и педесет години, време кога се создаваат нациите и се кодифицираат многу јазици, се измислуваат нови правила за да може да се направи јазичен код, систем.
Меѓутоа, таквите системи немаат длабочина, затоа што јазикот е генијален, грандиозен концепт создаден од природата.
Исто така, текстовите од Хомер се еден таков извор.
Патем речено, него треба да го именуваме како Омиро, зашто во негово време не се употребувал гласот х.

Него го ставила германската школа, па англиската го прифатила и т.н.
Кај него наоѓаме архаични форми на јазикот, преку кои се докажува мојата теза дека јазикот е концепт преземен директно од природата.
Како се градел концептот за јазикот?
Тоа е широка тема, но да го земеме за пример објаснувањето на Аристотел, кој вели дека светот се создал од четири ентитети: земја, вода, воздух, и оган.
Од овие поими произлегува голема, природна слика во поглед на развојот на јазикот. Огнот, т.е. светлината на пр. како појдовен елемент создава најмалку 25% од јазикот. Водата најмалку 20%.
Ако се гледа од физички аспект, водата тече.
Постојано тече, се движи.
Така глаголот оди е од води.
Тоа е сосема природна појава.
Подлабоката анализа покажува што сé друго произлегува од тој поим: води, водач... концептот за вода е дека таа созадава движење, живот.
Дијалектичната форма живота содржи корен вода, а жи е остаток на најстариот збор што значи да живееш.
Во текот на развојот на јазиците се случувале одредени поклопувања на цели сфери. Заради тој феномен, во англискиот јазик има голема конфузија, па без да се спелува на пр. не знаеме дали се работи за дрво или за четири.

Има ли автентични записи од Хомеровите дела?

Не постојат.
Најстарите се од 13 - 14 век запишани на латински јазик.
Се смета дека некои извадоци можеbи се постари.
Кај најстарите записи на Хомеровите поеми што денес ги имаме запишани, препишани, допишани, со големи алтерации, менувања... во основа сепак е зачувана основата на старомакедонскиот јазик.
Таму има дијалектични форми од оригиналниот Хомеров јазик кои и ден-денес постојат во Мариово и егејскиот дел на Македонија.
На пр. кај Хомера постои зборот недумо во смисла не дума, не мисли...
Прво, во грчкиот јазик не постои негација не.
Таму не е да, а не е охи.

Значи недумо е повеќе европски, или варварски да речеме, зашто сите Европјани за Грците беа варвари!
Се поставува друго прашање зошто биле варвари, зошто не можеле да ги разберат, ако веќе грчкиот антички јазик е основата на европските јазици?
Всушност, недумо произлегува од ум, од мислата на човекот, од празборот ом.
Значењето на недумо кај Хомера е длабок сон, фаза кога човекот навлегува во таков, длабок сон.
Друго е да дреме, а друго е да се биде во недумо.
Го има и зборот недиш.
Недиш, значи мртов човек.
Првата проверка дали некое животно или човек на пр. се живи е да се види дали тоа дише.

Ако не диши, значи е недиш душата му замина.
Оттаму произлегува и душа, од дух, воздух.
Сите тие се произлезени од еден од сновните елементи на Аристотел воздухот, кој како концепт произведува мноштво други термини.
Што е со грчкиот јазик?
Грчкиот јазик е основан врз античко-македонскиот јазик.
Без никакви сомневања!
Најголемиот дел од нивните зборови немаат етимологија.
Грците немаат објаснување за потеклото на нивната лексика, зашто ја изгубиле врската со концептот за оригинерните поими.
Обратно пак, за најголемиот дел од грчките зборови, објаснување има во македонскиот јазик.

Жан Калерис кој држи лекторат во Атина, издаде негов избор од јазикот на античките Македонци и вели дека навистина има некои зборови за кои не знаеме што се и од каде се, но од овие 157 зборови повеќе се грчки.
Анализирајќи ја неговата книгата јас гледам дека секаде каде што тој погрешил, каде што не можел да најде етимологија, етимологијата ја наоѓам во македонскиот јазик, или во српскиот на пр. не е важно.

Калерис, го обработува зборот ватара и за него тој нема објаснување.
Се работи за ватра, оган, а тој не може, или не сака да го објасни.
Калерис не може да го објасни и зборот воврен.
Зборот и денес се употребува кај нас: вовре, воврен.. а Грците само прашалници ставаат!
Најсилните, најавторитативните лингвисти на латинскиот и грчкиот јазик ја бараат етимологијата и се борат со зборот регио владее, крал, рекс.
Не можат да го објаснат!
Е сега, јас вадам речник на латински јазик, публикуван во 1830 г.
Таму се забележани постари јазични форми, наречени архаичен латински јазик.
Таму е поместен зборот рега и кога г преоѓа во к доаѓаме до зборот река.
Сепак, ќе се држиме до рега, што се поврзува со зборот рецка што значи цртичка.
На старолатински рега значи линија.
Кај Хомера пак има рег, рее, а реко е река.
Значи, пак е линија!

Во природата првиот поим, основниот поим за линија е реката.
Реката ја создава линијата.
Трае со илјадници години.
Реката ја дава водата (основата за животот), но исто така означува граница, регија, регион.
Се враќаме во македонскиот јазик, каде што и ден-денес се користи терминот река.
Тоа е само еден дел од доказите дека латинскиот јазик е изведен од старомакедонскиот јазик.

Значи регио е токму тој човек што контролира, а контролата се правела точно каде што биле природните граници, реките.
Таквите концепти се специфично изразени кај нас, во македонскиот јазик и во другите словенски јазици.
Светлината како еден од основните природни елементи се одразила врз јазикот во голема мера.
На старомакедонски свити значи да свети.
Тоа е основен поим.
Оттаму, тој концепт развива види.
Ако Сонцето зајде, не може да се гледа.
Тоа е многу обична опсервација.

Тоа не може никој да го побие, нема начин, зашто се работи за природен закон.
Од свити доаѓа види, зашто т лесно преоѓа во д.
Позната е народната изрека колку и да гледаш, не можеш да видиш.
Во Хомеровите поеми за зеницата на окото се вели гле.
Веќе нема сомневање кој е основниот јазик на Хомера.
Латините, Италијанците на пр. бараат етимологија на зборот луна... и не можат да најдат! Во украинскиот јазик се среќава зборот луна лина... У преоѓа во и.
Значењето е линеење на светлината.
Имаме светлина од Сонцето кое не можеме да го видиме, односно ако гледаме во него ќе ослепиме.

А знаеле старите дека светлината на Месечината е рефлексија, одблесок од нешто.
Луна значи намалена светлина свет лина.
Сонцето го произведува тој поим, но тоа може да те изгори.
Тоа е сила (сија) создава живот, а тоа што се одбива е лина која латинскиот јазик го добива преку античкиот македонски јазик.
Русите немаат друг поим за Месечина, за разлика од Македонците и јужните словенски народи, што е уште еден доказ дека основата на јазикот е од овие простори.
Најстарото име за месечина на старомакедонски е мена-менување на Месечината.
Лингвистите сто години се борат да го објаснат зборот менструација.
Јас тргнувам од македонскиот јазик мена Месечината што се менува.
Нејзиното менување е физички, природен закон.
На секои 28 дена циклусот се повторува.
Таа е првото мерило за времето.
Оттаму доаѓа и време.
Менструацијата е под директно влијание на Месечината.
Струа е стар македонски збор.
Струа, така и денес велат Егејците, значи нешто да направиш, да сториш, да чиниш. Значи, менструацијата е делото на Месечината!
Она што таа го прави, го предизвикува, она што што го чини месецот...