еМакедонија денес + Попуст од администраторите

Day 1,513, 16:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje
еМакедонија денес


еМакедонија избришана - ден 1512 ден од новиот свет


Почитувани Македонци, не ни е баш лесно на нас од тимот на Министерството за Информирање да пишуваме за тоа како за неколку дена од моќна империја со 8 ресурси исчезнавме од мапата на Новиот Свет. Се започна пред 8 дена, кога ''нашиот пријател'' Турција ни објави војна. Се дигна голема прашина околу тоа, се пишуваа статии за причината поради тој радикален чекор, нашето долгогодишно пријателство, нивното фамозно предавство итн. Како и да е, дознавме дека тоа бил единствениот чекор кој тие требало да го направат за да отидат во алијансата на ЕДЕН, нормално - од личен интерес, бидејки ресурсите ги ставија на прво место, а пријателството го снема. И така Пактот за мир помеѓу Македонија и Г*ција истотака беше прекршен, со тоа што и тие не објавија за непријатели и заедно со целиот ЕДЕН ја освоија еМакедонија.


Единственото утешително нешто е дека веројатно за некој ден повторно ќе не има на мапата, но сега треба да размислуваме во тотално нов правец - за тоа како да направимем BABY BOOM - масовно регистрирање на македонци на еРепублик. Доколку имате некоја идеја, контактирајте не, да изнајдеме решение со кое еМакедонија ќе дојде до свежо месо, до нови играчи со кои ќе разменуваме идеи и искуства.










Попуст за купување голд

Останаа уште 8 часа за купување голд од админите со 30% попуст.



Доколку купувате голд, ова е вистинска шанса за да соберете голд и да ги чувате за вистинскиот момент - ЗА МАЈКА МАКЕДОНИЈА! Нам не ни требаат луѓе кои ќе маваат во други држави кога еМакедонија исчезнува од мапата на Новиот Свет. Нам ни требаат патриоти, макар и виртуелни. Докажете барем еднаш во животот дека вредите и дека ќе и помогнете на својата татковина кога таа ве бара!





Можеби внесовме малку патриотизам во статијата, но тоа беше посилно од нас. Сепак сите играме за еМакедонија.






Министерство за Информирање:
MakedonecMKD
thedragon
STEFANPIPO