Тим - Министерство за Информирање и Образование

Day 1,509, 13:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje
Поздрав еМакедонијо! Денес, јас (MakedonecMKD), STEFANPIPO и thedragon во мандатот на United Macedonia ги добивме е-маилот од ова министерство и од Министерството за Образование. Се надеваме дека и ние како и претходните министри кои го раководеа ова министерство ќе продолжиме да работиме, да издаваме редовни статии за случувањата во еМакедонија и светот.


Пред нас следат бурни денови исполнети со неизвесност, но едно е сигурно - ќе има доста возбудливи настани за кои ќе пишуваме. Како што знаете во моментов има поголема криза во сојузот ОНЕ, така да би сакале да видиме како државите - членки на овој сојуз како ќе реагираат, дали ќе дојдат нови членови, какви ќе бидат односите со сега непријателската држава Турција, какви ќе бидат дипломатски односи со Бугарија и останатите држави од регионот итн.


Но и ситуацијата во еМакедонија истотака ќе биде пренесена - секој детал, во врска со економската состојба, рефундот, како стоиме на воен план итн. Сите новости од администраторите на еРепублик ќе бидат запишани во нашиот весник.



Да не должам, сакам само да ве известам дека тимот за Министерството за Информирање и Образование е:

- MakedonecMKD
- STEFANPIPO
- thedragon




Истотака каналот #emkd-info кој беше создаден од претходните министри ќе остане активиран и во секој момент, доколку сакате да дознаете нешто ново, доколку ви треба некаква помош или пак сакате само дружба. Ние како министри за Образование и Информирање ќе направиме се што е во наша моќ да ви помогнеме.







Министри за Информирање и Образование:
MakedonecMKD
thedragon
STEFANPIPO